Намалени цени најрано за десетина дена се прогнозите на бизнис секторот и на Владата. Месната индустрија поделена дали да се спуштаат цени или неа. Пазарниот инспекторат ќе ја следи состојбата со залихите и наредната недела излегува на терен
Владата сеуште не открива кои се фалсификуваните документи кои Онишченко ги приложил за да добие македонско државјанство. АНБ ќе добие нов директор но кој ќе ја понесе одговорноста за овој сериозен скандал
Контроли инспекции и казни за производителите и трговците најавуваат надлежните доколку цените не бидат намалени. Половина од училиштата исто така се договориле со ЕСМ за субвенционирана струја како и педесетина компании од водостопанството.
Најголема заштеда има кај министерството за екологија од неверојанти 94 отсто. Општина Арачиново потрошила пет пати повеќе струја од октомври минатата година. ЕСМ има проблеми со производството на струја па затоа секојдневно се купува електрина енергија вредна стотици илјади евра
Кои се условите за влез во Владата и кои министерства би им припаднале на идните партнери од Алијанса од владеачката коалиција не откриваат. Се шпекулира дека ДУИ би се откажале од образование и животна средина каде кадарот би бил од Алијанса но за возврат би го барале ресорот правда
Од 1 декември прехрамбената индустрија оди под капата на ЕСМ продажба и ќе плаќа струја по цена од 80 евра за мегават,што беше едно од клучните барања. Доколку некоја од суровините за производство на храна која се увезува поскапи државата ќе интервенира за да нема дополнителни поскапувања
Подобар стандард, подобри услови во студентските домови и нивна итна санација, изземање од антикризните мерки се дел од барањата на студентите од сите факултети во државата кои денеска излегоа на марш
Владата најавува закон со кој ќе се реши неконзистентноста во платите и огромните разлики кои постојат во државните институции агенции и акционерски друштва
Опозициската партија тврди дека половина милион евра се исплаќаат за плати на двајца директори во М-НАВ во нивниот четиригодишен мандат. Истата сума на пари на работник со мининална плата ќе ја заработи за 76 години покажуваат пресметките на опозицијата.
ОД ССМ предупредуваат дека доколку не се превземат итни мерки, иселувањето на младите но и работоспособното население ќе се зголеми уште повеќе.
За Абази нема никаква информација околу професионалната кариера и образованието освен дека е шеф на гостиварското Вишо Јавно Обвинителство
Цените на мало за една година се повисоки за 15,4 проценти а храната во просек е поскапа за дури 32,4 отсто споредено со октомври минатата година. Некои основни прехрамбени продукти се поскапи за 50 проценти, покажува анализата на Државниот завод за статистика
„Буџет е креиран според потребите на државата, а не според можностите, и планираните приходи, поради што се јавува дефицитот и потребата од ново нето задолжување. Дали Буџетот ќе влијае позитивно на економскиот развој, ќе зависи од искористеноста на капитални расходи“, смета експертот Павле Гацов.
Државата планира да потроши 5,3 милијарди евра а да собере 4,5 милијарди евра приходи. Со кои и со чии пари ќе се покрие дупката од од 1,5 милијарди евра - 700 милиони евра буџетски дефицит и 800 милиони евра доспеани долгови. Инфлацијата проектирана на 7,1 проценти
Се зголемува притисокот во гасоводот кој ги поврзува двете држави преку интеконекторот „Ќустендил – Жидилово“ и вкупниот капацитет ќе биде нешто над 3 милиони нормални метри кубни гас. Државата се отвара и за гасот од Азербејџан, Турција, САД и гасот кој ќе се складира во Александрополи
Закон за потекло на имот кој никако да биде подотвен и изгласан е ефикасна алатка за откривање на непријавен имот. Министерот за правда Тупанчевски смета дека и во моентов институциите на системот имаат доволно алатки за проверка на имотната состојба на функционерите
30 милиони евра тежи имотот кој актуелните функционери од СДСМ и ДУИ не го пријавиле кај Антикорупциската комисија. Најголемата опозициска партија денеска соопшти дека ја има деталната листа со имиња и презимиња на функционерите која ќе почне да ја објавува од утре.
Идејата за независна држава ги доби контурите во куќа во Солун каде на денешен ден беше формирана Македонската револуционерна организација (МРО). Организацијата растеше и ги менуваше имињата во ТМОРО и во ВМОРО, мина низ братоубиствен предиод, превирања и предавства но целта остана иста
Вчитај повеќе