СКОПЈЕ – Помош од Европска комисија (ЕК) за да може државата подобро и поефикасно да се справи и да ја преброди економско енергетската криза која не` очекува во претстојниот период е барањето кое е наведено во официјалниото писмо, кое Владата денеска го испрати во Брисел.
Кои се барањата, односно колкава е сумата или евентуалните мерки кои ги бараме од Брисел, засега останува непознато за да не се наруши процесот на преговори, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, кој е оптимист дека помошта ќе биде навремена и со соодветна сума.
„Не би сакал да обзнавам суми и конкретни барања бидејќи уште течат преговорите а не сме вклучени само ние како држава. Тука се сите држави од регионот. Јас очекувам Северна Македонија, имајќи предвид сите одлуки и мерки кои ги превзеде во минатото, да има дополнителна помош која ќе дојде навремено и со соодветна сума за потребите и на стопанството и на мерките кои се реализираат во моментов“, изјави Бектеши.
Од Европската комисија досега, барем јавно и официјално, не се предочени прецизните инструменти преку кои Северна Македонија би ја добила соодветната помош, а дополнително ЕУ на самиот кој ќе почне в петок, треба да ги расчисти дилемите како и на кој начин ќе се интервенира на пазарот на енергенси, и со колку пари ќе се помага, секако прво на држави-членки на Унијата.
Од Владата соопштија дека дека со помошта која ќе ја одобри Европската комисија ќе може да го зголеми опфатот со помош за повеќе ранливи и социјално загрозени категории на граѓани, ќе го забрза процесот на поставување на фотоволтаици како за правни така и за физички лица, и ќе има финансика инјекција за стопанството, односно компаниите со што би се добила бараната предвидливост која ја бараат и тие би ја задржале конкурентноста на пазарот во регионот и во светот.
„Можам на што е основано нашето писмо и што бараме. Бараме од 1 јануари да се прошири листата на ранливи категории на граѓани кои добиваат помош за електрична енергија и за енергенси. Бараме кофинансирање на одредени субвенции кои ќе почнат да се реализираат за да се градат фотонапонски централи, да се поставуваат панели кај домаќинствата и микро и малите коомпании. Третата мерка е директна субвенција за компаниите кои се на слободен и на регулиран пазар со цел да се задржи конкурентноста на компаниите во регинот и на европско ниво“, појасни Бектеши.
Денеска во Владата се одржал состанок со претсавниците на Стопнските комори на кои им биле презентирани плановите за антиркизните мерки кои Владата најави дека ќе ги усвои и соопшти до крајот на овој месец, а кои стопанството ги бара веќе неколку месеци. Кои се антикризните мерки засега нема да се открива.
Она што е познато е дека од 1 декември Владата планира да ја прошили листата на институции и компании кои ќе бидат на регулираниот пазар за струја.
„Сите производители на основи прехрамбрени производи од 1 декември ќе имаат фиксна цена за електрична енергија за да се намали импутот во делот на производство на основните прехрамбени производи. Се работи за околу 150 компании во државата. Истото важи за основните и средните училишта и за пречистителните станица“, додаде Аектеши.
А банкарскиот сектор денеска излезе со сериозно предупредување за можна рецесија во државата, бидејќи нивните анализи и параметри покажуваат дека кризата ќе се продлабочува поради што економската активност ќе се намали и каматите на кредитите ќе растат.
„Сите економски придвижувања покажуваат дека следната година ќе има рецесија и има значајно зголемување на каматните стапки и сето тоа ќе влијае на кредтината страна. Очекувањата се дека и европската централна банка ќе ги зголемува стапките и тоа ќе се транферира и преку нашата банка“, изјави Нина Недановска, заменик-претседател на Управен одбор на Шпаркасе банка.
Засега за да се заузда инфлацијата Владата се обидува со ограничување на маржите, но мерката барем засега не помогна многу да се стопира растот на цените.
„Ние вчера на седница Владата разговаравме за одредени можеби неконвенцијални или непрактични мерки, а тоа е како евентуално преку интервенции да го прекинеме овој синџир на зголемување на цени. Една од мерките која најверојатно ќе ја дадеме, а тоа е сите производствени капацитети, особено во прехраната да влезат на регулираниот пазар со пониска цена на електрична енергија, за електричната енергија да не влијае дополнително на понатамошно зголемување“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.
Инфалцијата, која во моментов е околу 20 отсто, ќе треба да ја забави Народната банка со нови механизми.