Линкови за пристапност

Субвеницонираната струја стигна до прехранбената индустрија, цените ќе паѓаат дополнително


Прво да се почне со производство на продукти со поефтина субвенционирана струја и да се истрошат залихите во магацините и маркетите а потоа пад на цените на прехранбените продукти. Намалени цени најрано за десетина дена се прогнозите на бизнис секторот и на Владата. Месната индустрија поделена дали да се спуштаат цени или неа. Пазарниот инспекторат ќе ја следи состојбата со залихите и наредната недела излегува на терен

СКОПЈЕ – Субвенционираната струја по цена од 80 евра за мегават час стигна до 235 фирми од прехрамбениот сектор но цените допва ќе се намалуваат. Продуктите кои се на рафтовите, во залиха и во магацините се произведени во период кога цената на струјата е неколкукратно повисока па затоа не може веднаш да се намалат.

„Цената на електричната енергија во последните 5 дена се врати на цена над 400 евра плус 10 отсто маржа што грубо кажано изнесува 30 денари по киловат час. Така што целта на одлуката на Владата ја исполни суштината и спречи натамошно зголемување на цените. Во идниот период истава одлука треба да создаде пазарни услови за нормално стопанисување, со што се надевам ќе се создаде простор за намалување на цените,“ вели Горан Малишиќ од претседател на мелничко – пекарската групација.

За дел од пекарската индустрија сеуште има проблем бидејќи имаат поставено фотоволатици и барањето за субвенионирана струја им е одбиено па така предупредуваат дфека тие самите ќе мора да ја одредуваат пазарната цена.

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува цените да се намалат до 10 отсто во наредниот период.

„Од денеска има пониски цени на бел леб кај некои од пекарите, имаме и намалување на цените на млеко кај некои од млекарниците. Во наредниот период очекуваме дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производители и од пекараската, од млечната и од месната индустрија. Секако треба да се има во предвид дека одредени маркети имаат залихи од претходно, но во наредниот период очекуваме стабилизирање и намалување на цените на основните прехранбени производи до 10 отсто,“ изјави Бектеши.

Месната индустрија поделена околу намалувањето на цените откако влегоа под капата на ЕСМ продажба и користат субвенионирана струја по цена од 80 евра за мегават час. Фирмите кои преработуваат месо најавија дека ќе ги намалат цените за 5 отсто.

„Превзедовме обврски пред министерството и граѓаните да намалиме цените. Дел од команиите уште денеска ги намалија цените на дел од производите. Тоа намалување е во дел на свежото свинско месо и пилешкиот асеротман. Околу 50 производи. До кога ќе важи не знам поради конфузијата со фирмите кои имаат поставени фотоволтаици“, изјави Гоце Трајчев претседател на групацијата на производители и преработувачи на месо.

Дел од производителите на месо велат дека се пред колапс бидејќи цената на храната која што ја користат за прехрана на животните не е намалена.

Пазарната инспекција деновиве ќе излезе на терен но само за да ја увиди моменатланата состојба и да ги регистрира залихите на рафтовите и во магацините. Оттаму велат дека прво мора да се потрошат залихите па потоа да се очекува реален пад на цените а казните се последниот чекор на инспекторите.

„Ќе констатираме како се движат цените. Она што очекуваме е намалувањето на цените да биде за неколку дена бидејќи се работи за производи кои се веќе на залиха на рафтовите и претходно се набавни. Во периодот кој што следи ќе пристигнат новите набавки со нова производна цена и тие треба да бидат намалени. Она што очекуваме е дека прво ќе се намали цената на лебот“, изјави Анета Симеска, директор на Пазарниот инспекторат.

Од ЕСМ Продажба пак соопштија дека е надминат проблемот со пет фирми кои имаат поставено фотоволтаици и дека ќе се откупуваат нивните преостанати количини струја по цена од 80 евра минус 10% а принципот ќе се применува и за сите други вакви случаи, доколку се појават при пријавувања за снабдување во следните месеци.

XS
SM
MD
LG