Линкови за пристапност

Многу прашања ниту еден одговор за скандалот „Онишченко“


Олександар Онишченко
Олександар Онишченко

Комисијата за надзор на работата на АНБ ќе го чека извештајот на МВР за тоа како во јавноста протече снимка од затворената седница на која реферираше директорот Виктор Димовски. Владата сеуште не открива кои се фалсификуваните документи кои Онишченко ги приложил за да добие македонско државјанство. АНБ ќе добие нов директор но кој ќе ја понесе одговорноста за овој сериозен скандал




СКОПЈЕ – Владата најави но сеуште не ја почна постапката за одземање на македонското државјанство на Олександр Онишченко, украински и руски државјанин кој се наоѓа на црната листа на САД. Нема информација ниту кои се фалсификуваните документи кои Онишченко ги приложил при добивањето на македонско државјанство ниту пак кои се „лажните и нецелносни информации“ за кои постои сомнеж кај надлежните.

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) нема да продолжи со работа бидејќи мора да го чека исходот од истрагата на МВР која испутива како аудио снимката од завтворената седница која се одржа минатиот петок на на која реферираше директорот на АНБ, Виктор Димовски, протече во јавноста. Спикерот Талат Џафери исто така чека МВР да го лоцира виновникот.

Директорот Димовски, во средата на затворена седница реферираше и пред Владата но информации за тоа што е кажано нема бидејќи се класифицирани.

Премиерот Ковачевски дециден – АНБ за 20 дена ќе добие нов директор. Се повика на тајноста на информациите и не откри никакви детали за овој скандал.

Останува нејасно дали Димовски ќе ја понесе одговорноста што евентуално би влијаело врз неговиот иден ангажман – амбасадор во Р. Франција или пак одговорноста ќе падне на двајцата службеници кои се посочени дека ги прескокнале процедурите при издавањето на мислење и дозвола за издавање на македонско државјанство.

Опозицијата продолжи со обвинувања дека станува збор за скандал а не „пропуст“ и дека Онишченко е руски шпион кој во државата требало да тргува со гас.

Како и по кој основ македонскиот репрезентативец во еквестријан Онишченко ќе остане без државјанството засега е непознато. Тој пак тврди дека се е легално и дека не користел фалсификувани документи и при барањето за извадање на државјанско ги приложил руските докуемнти ои ги поседува.

Во моментов течат консултациите на реалција МВР- Влада. Одлуката за одземење на решението за државјанство е поради сомнежи за лажни документи или невистините информации. Во кривичниот законик има две дела кои одговараат на овој опис, и за двете е предвидено од парична казна до 3 години затвор. Но ниту МВР ниту обвинителството засега нема истрага против Онишченко.

Онишченко се наоѓа црната листа на САД од јануари 2021 година бидејќи е „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори што се одржаа претходната 2020 година“.

Американските власти тврдат дека Онишченко му предал „преработени аудиоснимки“ од наводните разговори меѓу поранешниот украински претседател Петро Порошенко и тогашниот потпретседател на САД, Џо Бајден, на Андриј Деркач, независен украински пратеник, за кој се тврди дека е прв човек на наводната мрежа на Кремљ.

XS
SM
MD
LG