Кои се условите за влез во Владата и кои министерства би им припаднале на идните партнери од Алијанса од владеачката коалиција не откриваат. Се шпекулира дека ДУИ би се откажале од образование и животна средина каде кадарот би бил од Алијанса но за возврат би го барале ресорот правда
МАЛА РЕЧИЦА – Со Алијанса за Албнаците се разговара за влез во Владата и за зацврстување на владеачкото мнозинство, потврди претседателот на ДУИ Али Ахмети, по единаесет часовната маратонска седница на Централното претседателство на партијата на кое ова било и едно од темите за разговор. Ахмети потврди она што неофицијално се шпекулира во јавноста а прмеиерот Димитар Ковачевски децидно го отфрли.
„Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претсавници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на оставурање на мисијата“, изјави ахмети по состонокот во седиштето во Мала Речица.
Сепак кои министерства би ги добила Алијанса за влез во Владата засега не се открива ниту пак бројката која се движи од две до три. Во случај да се три, тогаш секој од коалициските партнери, СДСМ, ДУИ и БЕСА би се откажале од едно министерствот.
Она што најгласно се шпекулира е дека Алијанса би ги добила образование и екологија како и здравство, а ДУИ за отстапката ја бара правда со која раководи СДСМ.
Дека има преговори потврди и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој смета дека постои политички моментум кој наметнува поголема координација помеѓу политичките партии чија цел е брза трака за членство во Европската унија.
„ Дека се разговара, го потврдија сите чинители во процесот, но што се разговара е прашањето. Се разговара за заедничката проценка дека постои политички моментум кој што наметнува поголема координација помеѓу политичките партии кои што имаат за цел брза трака за членство во Европската унија, односно постојат вонредни предизвици кои што бараат вонредни пристапи. Кажав кои се тие вонредни предизвици. Првата, уставните измени кои што треба да го обезбедат неспречениот тек на преговорите, скринингот кој што исто така бара инклузивност на политичките субјекти кои бараат и веруваат во ветувањето, односно во намерата во 2030 година Северна Македонија да стане членка на Европската унија. Енергетската и економската криза, сето тоа се вонредни пристапи“, рече Османи.
Алијанса веќе го подготвува својот список на услови а меѓу нив се да нема предвремени парламентарни избори и да има автономија во одлучувањето.
„Ако евентуално започнеме преговори секако дека ќе имаме наши црвени линии кои се неопходни за да продолжиме со преговорите. Имаме пакет на мерки кои сме ги кажале и ако започнеме преговори тој сет на мерки ќе биде нашиот услов за евентуален влез во Владата“, изјави претседателот на Алијанса Арбен Таравари, пос редбата со рпемиерот Ковачевски на 18 ноември.
Од СДСМ но и од Алијанса засега без реакција по потврдата од ДУИ дека се преговара влез во Влада.
Според информациите на Гласот на Америка на македонски јазик, во текот на оваа недела е договорена уште една средба меќу премиерот Ковачевски и Таравари по која прецизно ќе се зане дали и под кои услови Алијанса за Албанците преминува од опозиција во владеачкото мнозинство.