Линкови за пристапност

Ислам Абази е нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал


За Абази нема никаква информација околу професионалната кариера и образованието освен дека е шеф на гостиварското Вишо Јавно Обвинителство

СКОПЈЕ - Шефот на гостиварското Вишо Јавно Обвинителство, Ислам Абази е ношиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. На денешните избори тој освои 66 гласа, два повеќе од заменик-раководителот на скопското обвинителство Ермон Незири кој освои 64 гласа. Суспендираната шефица Обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Русковска доби 14 гласови од колегите а најмлаку гласови освои Деса Пауновска од гостиварското Обвинитечство за која доверба дадоа само 10 обвинители.

За Абази не може да се најде речиси никаква информација ниту на сајтот на Вишото Јавно Обвинителство Гостивар ниту пак на интернет.

По стапувањето на функцијата, шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал тој ќе ги превземе освен фотељата на Рускоска и нејзините два предмети - за финансиската полиција и поранешниот шеф Арафат Муареми и за стануцата за технички преглед во скопски Сарај каде му беше дадено зелено светло на автобусот на „Беса транс“ кој изгоре во трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 патници меѓу кои 14 деца.

Четворицата канидати и избирачите имаат право на приговор како и пет часа по објавување на резултатите.

Денеска за прв пат се бираше шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал со гласање откако се изгласаа измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава.

По денешното гласање Советот на Јавни обвинители во рок од седум дена треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител кој добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

XS
SM
MD
LG