Линкови за пристапност

ВМРО – ДПМНЕ обвинува за екстремно високи плати на директорите во М-НАВ


Опозициската партија тврди дека половина милион евра се исплаќаат за плати на двајца директори во М-НАВ во нивниот четиригодишен мандат. Истата сума на пари на работник со мининална плата ќе ја заработи за 76 години покажуваат пресметките на опозицијата. М-НАВ се самофинансира и сами одлучуваат за висината на платите а деновиве е во фокусот на јавноста поради скандалот со огласот за обука на контролори на летање кој што беше поништен за да може да се примат луѓе по партиска директива


СКОПЈЕ – Опозициската ВМРО – ДПМНЕ со нова афера – „Паразит“. Овој пат таргет се државни функционери со енормно високи примања а аферата ја отворија со двајцата директори на М-НАВ именувани од Владата чии плати се движат од 266 до 345 илјади денари месечно.

„ Додека народот гладува, а минималната плата е 18.000 денари. Инфлацијата за една година е 20%, а цените на храната се зголемени и за 30%. Во Македонија со СДС, каде за лечење во странство се собираат донации по СМС, затоа што власта нема пари да ги покрие трошоците, функционери именувани од истата таа власт за само еден месец заработуваат колку што поголемиот број на граѓани заработуваат за нецели две години“, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На прес конференцијата во седиштето на партијата беше обелоденето дека Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во М НАВ има плата од 345.000 денари додека Владо Крстевски член на Управниот Одбор и извршен директор во М-НАВ прима месечно 266 илјади денари.

Ивица Томовски, член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Ивица Томовски, член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

„ Ако оваа сума се подели со 18.000 денари колку што е просечната плата, се добива 920, тоа е бројот на месеци, што е еднакво на 76 години, кои што се потребни за да се заработи таа сума на пари со минимална плата. За еден мандат Хамиди, од челното место на М НАВ ќе замине со пари за кои што поголемиот број на граѓани ќе треба да работат 76 години“ обвини Томовски.

Во ВМРО – ДПМНЕ пресметале дека двајцата директори во четиригодишниот мандат само на име на плати ќе инскаираат 16,5 односно 12,7 милиони денари или речиси половина милион евра.

„Двајцата директори во М НАВ ја чинат државата еден голем булевар, или само со парите за нивни плати за 4 години може да се купат 8 амбулантни возила или 3 противпожарни возила“, тврди Томовски

М-НАВ е акционерско друштво кое е основано од Владата, но има сопствен Буџет кој се полни со наплата на прелети на македонското небо и од терминални услуги. Во М-НАВ самостојно се носат опдлуките за висина на платите на вработените, членовите на Управниот одбор и директорите.

Оваа државна компанија деновиве е во фокусот на домашната јхавноста поради скандалот со огласот за обука на контролори за летање кој раководството на Компанијата се обиде да го поништи само затоа што не биле примени лица по партиска директива на ДУИ, од каде е и еден од директорите. Контролорите во М-НАВ масовно потпишаа условни откази и одбија да учествуваат во нов наместен оглас

Од М-НАВ ги отфрлија обвинувањата тврдејќи дека се е според законските порписи и процедури додека од Владата одбија да коментираат или да дадат упаства и насоки.

По притисок на јавноста членовите на Управниот одбор попуштија и го прифатија изборот на осуммина кандидати за обука за контролори на летање кои го минаа тестирањето спроведено од експертска компанија од Данска.

XS
SM
MD
LG