Линкови за пристапност

Храната ќе поевтини од 1 декември без разлика дали компанијата добива субвенционирана струја или не


Само петина од околу илјада компании од прехрамбениот сектор склучиле договор со ЕСМ продажба и од 1 декември ќе плаќаат 80 евра за мегават час струја. Контроли инспекции и казни за производителите и трговците најавуваат надлежните доколку цените не бидат намалени. Половина од училиштата исто така се договориле со ЕСМ за субвенционирана струја како и педесетина компании од водостопанството. Премиерот повторно ги предупреди Општините да не се обидуваат да ја злоупотребуваат оваа мерка и да бараат струја по повластена цена


СКОПЈЕ – Само 235 компании од прехрамбениот сектор склучиле договор за соработка со ЕСМ Продажба и од 1 декември ќе плаќаат 80 евра за мегхават час струја. На што се должи релативно нискиот одзив засега не е познато но премиерот Ковачевски и министерот за економија Бектеши се децидни дека цените на прехрамбените производи ќе се намалат за десетина отсто без разлика дали компаниите склучиле договор со ЕСМ или не. За прехрамбениот сектор останува уште еден рок за склулчувањее на договори наредниот месец со што би користеле субвенционирани цени за струја но од 1 јануари.

„ За нив има други мерки кои ќе се донесат во слчај да не ги намалат цените. Има закон за трговиј,а може да предложиме замрзнување на цени, одредување на маржи. Ние ги имаме листите, државниот пазарен инспекторат ќе ги врши контролите. Веќе има тренд на намалување на цените на одредени производи. Од 1 декември сите компании кои можеа да ја користат оваа мерка а тоа се околу илјада копмании, некои се навистна мали, големи производители се околу 180 другите се пекари и трговци. Сите тие треба да ги намалат цените на производите кои се во одлуката утврдени со трговска маржа. Во случај да не го направат тоа ќе видите какви мерки ќе се превземат и ќе се донесат“, изјави министерто за економија Крепник Бектеши.

Растот на цените на производите изминатиот период според претставниците на прехрамбениот сектор се во согласност со ценовните движења на прехранбените производи на меѓународниот пазар и цените на увозните материјали потребни за производство но и цената на струјата.

„Намалувањето од 10 отсто е реално согласно сите анализи направени од министертството за економија и другите институции“, дециден е Бектеши.

За државната помош и субвенционирана струја но по цена од 95 евра за мегават час од 474 се пријавиле 233 основни и средни училишта низ државата односно помалку од половина иако голем дел од граоначалниците тврдат дека училиштата кубурат со финансии поради високата цена на струјата. Слично е и со јавните претпријатија за водовод и колекторски системи каде досега само 50 се пријавиле и склучиле договор со ЕСМ продажба иако сите тврдеа дека се пред банкрот поради сумите кои ора да ги плаќаат на месечно ниво за потрошена струја.

Премиерот Ковачевски повторно ги предупреди градонашалниците, односно општините да не се обидуваат да ги искористат поволностите и да ги пријавуваат општинските згради и претпријатија за субвенционирана струја.

„Овие мерки се направени со цел да се субвенционира електрична енергија за компании кои прозиведуваат храна и да паднат цените за 10 отсто. Не смее да дозволиме децата повторно да седат дома бидејќи училиштата можат да имаат проблеми при снабдување со струја. Здравствените установи мора да имаат непречено снабдување со електрична енергија и претпријатијата кои работо со пумпи и пречистителни станици исто така се субвенционираат за граѓаните да не останат без вода. Упатувам порака до Општините. Овие мерки не се за удобства ниту на државна ниту на локјална администрација. Овие мерки не се за да некој седи по канцеларии и да си вари кафиња и да држи состаноци“, дециден е премиерот Ковачевски.

За тоа колку струја ќе потрошат компаниите кои од 1 декември одат под капата на ЕСМ продажба од државната енергетска компанија нема одговор. Сеуште се пресметува колку трошеле во истиот период лани но ннадлежните се децидни едостаток или рестрикции нема да има.

„Од 4 декември на мрежа се вклучуваат ТЕЦ Неготино и Осломеј. Планирана е дополнителна набавка од 48 гигавати струја за кои се подговетни 25 милиони евра. Домашниот регулиран пазар ќе биде целосно покриен. Новите корисници нема да ја оптоварат цената на струјата која домаќинствата ќе ја плаќаат од 1 јануари“, изјави Васко Ковачевски, директор на ЕСМ.

Владата сеуште калкулира, но најави дека се работи и на акциски план за дополнителни мерки за поддршка на граѓаните и на мали и микрокомпании, посебно на оние компании што вработуваат поголем дел од граѓаните, а тие главно се мали потрошувачи на електрична енергија кои засега се на регулиран пазар.

XS
SM
MD
LG