ЗА НАС
ЗА НАС
Гласот на Америка е најголемата американска меѓународна мултимедијална новинска организација, што нуди содржини на повеќе од 45 јазици за публика што нема, или има ограничен, пристап до слободен печат. Создаден во 1942, Гласот на Америка е определен за сеопфатно, независно известување и за пренесување на вистината до публиката. Гласот на Америка целосно е финансиран од американските даночни обврзници како дел од Агенцијата за глобални медиуми на САД.
Мисијата на Гласот на Америка и уредничката независност се гарантирани со закони што ги штитат новинарите на Гласот на Америка од влијание, притисок, или одмазда од владини претставници или политичари.
Во 1976, Претседателот Џералд Р. Форд ја потпиша Повелбата на Гласот на Америка, во која стои:
1. Гласот на Америка ќе служи како конзистентно веродостоен и авторитативен извор на вести. Вестите на Гласот на Америка ќе бидат точни, објективни и сеопфатни.
2. Гласот на Америка ќе ја претставува Америка, а не сегмент на американското општество, и затоа ќе презентира балансирана и сеопфатна проекција на значајна американска мисла и институции.
3. Гласот на Америка ќе ги претставува политиките на САД јасно и ефективно, а исто така ќе презентира одговорни дискусии и мислења по тие политики.
Во 1994, Конгресот на САД го усвои Актот за меѓународно емитување на програма на САД. Овој закон бара работата на новинарите на Гласот на Америка да биде авторитативна, точна, објективна, сеопфатна, балансирана и да ја одразува американската културна и општествена разноликост.
Во 2016, Конгресот реафирмираше во Актот за авторизација на националната одбрана дека функциите на собирање вести и известување мора да продолжат да бидат независни и објективни.
Секој ден, новинарите на Гласот на Америка напорно работат да ги моделираат принципите на слободен печат во светот.
VOA
A Free Press Matters
Слободниот печат е важен