Најголема заштеда има кај министерството за екологија од неверојанти 94 отсто, а од друга страна Општина Арачиново потрошила пет пати повеќе струја од октомври минатата година. Државните институции и општините штедат но ЕСМ има проблеми со производството на струја бидејќи дел од капцитетите се во дефект или на ремонт па затоа секојдневно се купува електрина енергија од слободниот пазар вредна стотици илјади евра. Владата не гледа причина за одговорност од раководството на државната компанија
СКОПЈЕ – За третина во просек е намалена потрошувачката на струја на министерствата и државните институции минатиот месец но кога станува збор за оштините дел од нив не успеале да го постигнат бараниот просек од 15 отсто заштеда. Владата денеска ги презентираше резултатите од мерките за штедење струја кои се на сила од 1 септември.
Кога станува збор за министерствата, образование има најмала заштеда на електрична енергија од 24 отсто, а најголема заштеда има министерството за животна средина од 94 отсто. Заштедата на потрошен струја кај министерство за информатичко општество е 50 отсто а локална самоуправа кој минатиот пат беше на „црната листа“ сега заштедила за 58 отсто струја. МВР и економија имаат идентичен скор, 30 отсто помалку потрошена струја минатиот месец споредено со октомври 2021 година.
„Согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија произлегува дека административните згради на Претседател на Република Северна Македонија, Собранието, Владата, министерства, АД ЕСМ, АД МЕПСО имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29%, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20% остварена во септември“, соопшти Крешник Бектеши, министер за економија.
Потрошувачката на електрична енергија само на министерствата сумирана заедно со сите единици кои се во склоп на надлежностите под одредено министерство е намалена за 33%.
Кога станува збор за Општините од 81 на територијата на државата, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто а 12 од нив успеале да поторшат 50 отсто помалку споредено со истиот месец лани. Сепак 16 општини не постигнале заштеда од 15% а три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022 година, споредено со октомври 2021. Рекордер е Општина арачиново која потрошила пет пати повеќе струја од лани но тоа се должи на фактот што ЕВН поставува нови броила ан поитрошувачите во Општината и ги заменува блокираните кои не ја отчитува реалната потрошувачка.
Министерот Бектеши смета дека од 1 јануари нема да има значително поскапување на цената на струјата за домаќинствата и компаниите на регулираниот пазар.
„Убеден сум дека ќе има намалување за малите потрошувачи и можам да кажам дека тоа е веќе одлучено. Во делот на домаќинствата ќе провериме со блок тарифите во кој од блок тарифите има поголема потреба да се интервенира од страна на Владата – дали тоа ќе биде втората блок тарифа или третата. За четвртата блок тарифа уште од сега можам да кажам дека се согласувам дополнително да се зголеми цената со цел тие што имаат најголема потреба од пониски цени да бидат покриени од тие што нерационално трошат, а со тоа и можат да го сносат тој товар“, рече Бектеши.
Сепак штедењето на државните институции и општините не е доволно бидејќи ЕСМ мора да купува струја од слободниот пазар за да ги задоволи потребите на домашниот регулиран пазар, односно домаќинствата, администрацијата и микро, малите и средни компании. Вчера од потребните 13,1 гигават за реглуираниот пазар, ЕСМ произведе 8,5 а купи од слободниот пазар 4,5 гигавати струја за кои плати околу 900 илјади евра.
Тоа се должи на фактот што две термоелектрани Осломеј и Неготино се исклучени од мрежата поради ремонт и дефект а РЕК Битола работи со два блока. Раководството на компанијата најавуваше дека ќе ја покрие целокупната побарувачка за домашниот регулиран пазар но наместо тоа само во ноемри плати околу 17 милиони евра за купување на струја и надополнување на недостатокот на производство.
За Владата нема причина за тревога или евентуална одговорност на раководството.
„Има план за производство. Од 1 декември кога се зголемува потрошувачката во државата ќе бидат ставени во функција сите капацитети на ЕСМ а тие се трите блока во РЕК Битола, Осломеј, Неготино, Когел, целиот хидропотенција и ветерниците во Богданци. Ако потрошувачката не се зголемува за сите овие капацитети да работат нормално е дека нема да бидат ставени во функција и да се прават непотребни трошоци. Треба да штедиме на јаглен и мазут“, изјави Бектеши.
Од документите за набавка на струја на ЕСМ за периодот од 21 до 27 ноември може да се види дека се купуваат 32 гивата струја чија цена се движи од 234 до 274 евра и за кои ќе плати 7,8 милиони евра а просечната цена по мегават час купена струја е 243 евра.