Во групата на Делумно слободни земји, со 67 поени, исто како лани, се најде Северна Македонија во новиот извештај за Слободите во светот на Фридом хаус. Корупцијата се наведува како еден од најголемите предизвици на македонското општество.
Истражување на Киевскиот институт за социологија покажало дека мнозинството од населението на Украина му верува на Зеленски и довербата кон него е 57%. Рекордна доверба од 90% Зеленски доби веднаш после руската инвазија, но таа почна да се намалува. Известува Лесија Бакалец.
Челичната индустрија на САД гледа шанса за себе со новите увозни царини. Но, американските мали бизниси се во очекување на можните ефекти од воведувањето 25 отсто царина за увезениот челик и алуминиум. Известува Мишел Квин.
Нема никакво мешање на политиката во судската власт, туку напротив, станува збор за департизација на Судскиот совет и на правосудните органи, вели во разговор за Гласот на Америка, заменик министерот за правда, Ален Деребан.
Вчитај повеќе