Експертите велат дека алармот е вклучен, бизнис секторот бара од Владата да биде медијатор и да не зазема страна. Бројките велат дека во 2023 година големите ланци маркети имале чист профит од 35 милиони евра а нето профитните маржи се движеле од 1,5 до 11,7 проценти.
Витален на бојното поле, е оценката што украинските војници ја даваат за американскиот оклопен транспортер М113. Се покажал како доста ефикасен во спроведувањето на нападите и заштитата на украинската пешадија. Трнаспортерот е дел од воената помош од САД за Украина. Известува Ана Костутченко.
Околу 1500 активни воени припадници од армијата на САД почнаа да пристигнуваат на границата со Мексико и нивниот број може да се зголеми во наредните денови. Тие се дел од борбата на новата американска администрација против илегалната имиграција. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.
„Американ ерлајнс“ соопшти дека во авионот, кој пристигнувал од Вичита, Канзас, имало 60 патници и четворица членови на екипажот. Според официјални лица, пак, тројца војници на американската армија биле во хеликоптерот, кој изведувал тренинг лет.
Новото време, новите технологии, новите комуникации, новиот начин на размислување и новите алатки што се нудат, покажаа потреба за измени на Кодексот на новинарите на Македонија за етичко известување“, вели Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
Граѓаните ќе им покажат „црвен картон“ на маркетите. Во 2023 година големите ланци маркети пријавиле профит од 1,4 милиони до 10,3 милиони евра. Маржите кај некои ланци маркети е 37 отсто а кај неколку меѓу 12 и 15 отсто. Во петок ќе се бојкотира и во Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.
Вчитај повеќе