Ватикан во средата соопшти дека папата Фрањо имал „мирна ноќ, и се одмара“, бидејќи останува во болница во Рим за лекување на пневмонија на двете бели дробови. Во кратката утринска изјава не се дадени дополнителни детали за состојбата на папата.
Ажурирањето во вторникот вечерта од болницата беше дека тој е во критична, но стабилна состојба.
88-годишниот Фрањо беше примен во болница на 14 февруари. Престојот во болница е негов најдолг за време на неговиот мандат како папа.
Тој е склон кон инфекции на белите дробови откако му беше отстранет дел од белодробно крило кога беше млад човек.
Неговата болест ги поттикна католиците да се соберат во Ватикан, во неговата родна Аргентина и во други области во светот за да одржат молитвени бденија.
Фрањо е папа од 2013 година кога неговиот претходник, папата Бенедикт, се повлече.
Некои информации дојдоа Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс