Како што руската војна против Украина влегува во својата четврта година, европските лидери предупредуваат дека исходот од тековните мировни преговори меѓу Москва и Вашингтон ќе има длабоки импликации за Украина, но и за цела Европа.
Администрацијата на Трамп побара помош од Мексико за запирање на протокот на синтетичката дрога фентанил преку границата во САД. Минатата година, во Аризона беа инсталирани скенери за откривање на нелегалната дрога. Керолин Пресути беше на терен.
Македонскиот премиер оценува дека пораките што ги испраќа администрацијата на претседателот Доналд Трамп е „новото нормално“ и дека нашата држава, како што истакна, е прва што се појавува и го запоседнува теренот.
Охриѓанките Маја и Сузана за три години вдомиле повеќе од триста кучиња од улица. Кучињата добиле сопственици кај стотици семејства низ европски земји како Велика Британија, Белгија, Холандија, Германија. Но, процедурите за испраќање на кучињата во странство, не се едноставни.
Технолошката компанија Гугл неодамна ја прекина својата долгогодишна политика против развојот на вештачкаta интелигенција за воени цели. Мет Дибл известува од Калифорнија.
Германија утре оди на избори, а фрустрациите на гласачите поради миграцијата и трошоците за живот се големи. Како што известува Хенри Риџвел, водечкиот кандидат за следен канцелар на Германија, го обвини Вашингтон за мешање во изборите.
Вчитај повеќе