Специјалниот агент Клинт Хил, член на Тајната служба назначен да го заштити претседателот Џон Ф. Кенеди, денот кога беше убиен во Далас, Тексас, почина на 93-годишна возраст. Известува Кејн Фарабо.
Во 2025 година сме на нивото на безбедност во сообраќајот на коешто земјите од ЕУ беа во 2000 година. Значи две и пол децении заостануваме во однос на преземањето мерки за заштита на луѓето, вели професорот од Факултетот за безбедност, Никола Дујовски
Според истражување, еден од сто Американци го продава својот дом поради спротивни политички ставови со соседите. Но, нова апликација за недвижнини им овозможува на купувачите да ја дознаат политичката определеност на потенцијалниот сосед пред да купат куќа или стан. Известува Дора Мекуар.
Во Макив, град во западна Украина, недостасуваат мажи. Многумина или побегнаа или се борат или, пак, загинаа борејќи се против руската инвазија. Тоа е слика во многу градови и села во Украина. Војната го разниша составот на населението во земјата.
За десетина дена ланците маркети ќе ги добијат правилниците како треба да изгледаат веб страните со цени на продуктите. Пазарната инспекција е на терен и проверува дали одлуките за ограничување на маржите се почитува.
Неодамнешна студија покажа дека лекарите биле во можност почесто да откриваат рак на дојка кога користеле вештачка интелигенција за да помогнат во читањето на резултатите од мамограмот. ВИ помогнала да се зголеми стапката на откривање рак на дојка за повеќе од 17%. Известува Дора Меквар.
На Светскиот ден за ретки болести, 28 февруари, лекарите посочуваат дека 80 проценти од болестите за кои нема лек се дијагностицирани кај деца, а 30 проценти од тие деца не го доживуваат својот петти роденден.
Фридрих Мерц, кој најверојатно ќе биде следниот канцелар на Германија, после неделните избори, предупреди дека САД „не се грижат многу“ за судбината на Европа и повика континентот итно да организира сопствена одбрана. Известува Хенри Риџвел
Вчитај повеќе