Линкови за пристапност

САД и Украина постигнаа рамковен план за клучните минерали


Соединетите Американски Држави и Украина имаат рамковен договор за заеднички фонд за реинвестирање на приходите од украинските природни ресурси, според официјални лица запознаени со преговорите.

Планот би вклучувал инвестирање на 50 отсто од приходите од минералите, нафтата и гасот на Украина. Соединетите Држави ќе се заложат за развој на „стабилна и економски просперитетна Украина“. Рамката не ги вклучува американските безбедносни гаранции за Украина, но официјални лица рекоа дека преговорите се во тек.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот посочи дека може да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна оваа недела. „Слушнав дека доаѓа во петок. Секако, со мене е во ред, ако тој сака да го посети Вашингтон. Тој би сакал да го потпише заедно со мене. Јас го разбирам тоа. Тоа е голема работа.” рече претседателот.

Некои информации дојдоа од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG