Линкови за пристапност

 
Спикерот на Претставничкиот дом обезбеди доволно гласови на републиканците за усвојување на буџетот

Спикерот на Претставничкиот дом обезбеди доволно гласови на републиканците за усвојување на буџетот


Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон обезбеди доволно гласови, 217-215, за да се усвои резолуцијата за буџетот во вторникот вечерта.

„Ветивме дека ќе ја испорачаме целосната агенда на претседателот Доналд Трамп, а не само дел од неа“, им рече Џонсон на новинарите.

Пред гласањето, неколку членови на републиканската конференција на Претставничкиот дом сè уште беа загрижени за големината на мерката за трошење, како и кога да се донесе предложено продолжување на даночните намалувања и како да се плати дефицитот на САД без да се намалат клучните програми за безбедност што им помагаат на американските гласачи.

Раководството на Сенатот предложи усвојување на даночните намалувања во посебен нацрт-закон подоцна оваа година.

„Не само што работиме да најдеме заштеди за американскиот даночен обврзник, подобра, поефикасна употреба на нивниот долар, што сме морално обврзани да го направиме, туку имаме и морална обврска да го намалиме долгот“, рече Џонсон.

Претседателот Трамп ги повика законодавците да усвојат „еден голем, убав предлог-закон“ кој ќе биде клучен дел од неговата домашна политика и агенда.

XS
SM
MD
LG