Сопругата на Дони Меккилоп го најде овде на оваа автобуска станица во Тусон, Аризона. Тогаш секој од нив, го задржа здивот… и светот замолкна за миг. Меккилоп повторно почна да користи фентанил. Апстинираше, шест месеци.
„Се свртев кон фентанил бидејќи не можев да најдам хероин, а тој лесно се наоѓа“, вели Меккилоп.
Фентанилот е евтин и моќен, но чувството на „хај“ не трае долго ... принудувајќи го зависникот постојано да бара да купи повеќе. Меккилоп плаќал околу еден долар по пилула и користел до 20-тина, дневно.
Повеќето апчиња на Меккилоп биле шверцувани преку - преминот Ногалес-Марипоса.
Тоа е најблискиот граничен премин меѓу САД и Мексико до неговата куќа. Овие скенери ги снимаат камионите и бараат дрога - во кабината, каде што седи возачот, во приколката и нејзиниот товар.
Овие машини беа поставени на овој премин минатата година. Бидејќи возачите повеќе не мора да застанат и да излегуваат, се скенираат од 100 камиони дневно порано, на 700.
Граничните службеници потоа го анализираат скенирањето и бараат нешто сомнително. Гласот на Америка доби ексклузивен пристап во контролната соба за да види како го откриваат фентанилот.
“Регистираме сомнителни работи, на рендгенот изгледа потемно отколку претходниот камион. Тоа е аномалија’, вели Гуадалупе Мартинез од Пограничната служба во Тусон.
Секој од овие мали квадрати е пакет со лекови. Можете да ги најдете наркотиците. Ова е камион со дињи. Дали забележувате нешто што необично? Овие правоаголни пакувања, на подот од приколката, се дрогата.
Автомобили минуваат преку редовни гранични контроли. Некои се испраќаат на потемелно пребарување. Други, поминуваат низ скенери - вели полицаецот Алехандро Башелиер.
„Тие имаат тенденција да ги натоваруваат автомобилите со апчиња фентанил во вратите, во заштитните прегради“, вели Башелиер.
Криумчарењето на Фентанил се удвојуваа секоја година во последните пет години. Царинските службеници овде и на сите пет премини во Ногалес пронаоѓаат 60% од тој фентанил.
Претходно овој месец, мексиканската влада се согласи да испрати 10.000 војници за да го запре протокот на мигранти и нелегални дроги на нејзината граница. Американскиот претседател Доналд Трамп посредуваше во договорот во замена за одложување на воведување царините за Мексико.
Рамирез вели дека уличната цена на фентанил - расте.
„Тоа покажува дека побарувачката постои, но ние ја сузбиваме понудата“, вели Рамирез.
Меккилоп предлага Американците да престанат да ги стигматизираат луѓето зависни од дрога.
„Откако сфатив дека моето семејство сè уште стои зад мене, повторно имам надеж“, вели Меккилоп.
Се надева дека неговите денови на зависност - се зад него.
Facebook Forum