Линкови за пристапност

Камала Харис ја затвори конвенцијата со повик да се стави крај на војната во Газа и да се бори против тиранијата


Демократската претседателска кандидатка, потпретседателката Камала Харис за време на Демократската национална конвенција, 22 август 2024 година, во Чикаго
Демократската претседателска кандидатка, потпретседателката Камала Харис за време на Демократската национална конвенција, 22 август 2024 година, во Чикаго

Потпретседателката Камала Харис вчера формално ја прифати демократската номинација за претседател со повик да се стави крај на војната во Газа и да се бори против тиранија ширум светот, што претставува остар контраст на републиканецот Доналд Трамп.

„Во трајната борба меѓу демократијата и тиранијата, знам каде стојам и знам каде припаѓаат САД“, рече Харис, обвинувајќи го Трамп дека им се поклонува на диктаторите.

На последната и најочекуваната ноќ на четиридневниот конгрес во Чикаго, 59-годишната Харис вети дека ќе направи „нов пат напред“ додека таа и Трамп (78) влегуваат во последните 11 недели од кампањата.

Харис се појави како демократски кандидат пред нешто повеќе од еден месец кога сојузниците на претседателот Џо Бајден (81) го принудија да се откаже од трката.

Тоа беше силен говор за една кандидатка која, за време на нејзината кратка кампања, допрва треба да артикулира голем дел од нејзината визија за земјата и се соочува со низа лични напади од Трамп, кој го исмејуваше нејзиното црно и јужноазиско потекло и ја нарече слаба на странска сцена.

Во говорот беа изложени некои општи принципи на политиката, надворешни и домашни, но оставија неискажани конкретни детали кои во следните недели може да биде под притисок да ги даде.

Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф на Демократската национална конвенција
Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф на Демократската национална конвенција

По неколкудневните протести на палестинските поддржувачи, кои беа разочарани што не добија место за говор на конвенцијата, Харис даде ветување дека ќе го обезбеди Израел, ќе ги врати заложниците дома од Газа и ќе стави крај на војната во палестинската енклава.

„Сега е време да се постигне договор за заложници и договор за прекин на огнот“, рече таа предизвикувајќи овации.

„И дозволете ми да бидам јасна, јас секогаш ќе се залагам за правото на Израел да се брани и секогаш ќе гарантирам Израел да има способност да се брани“.

„Она што се случи во Газа во изминатите 10 месеци е поразително. Толку многу изгубени невини животи, очајни гладни луѓе кои бегаат за безбедност одново и одново. Страдањето е жално“, рече таа.

„Претседателот Бајден и јас работиме да ставиме крај на оваа војна така што Израел е безбеден, заложниците се ослободени, страдањето во Газа завршува и палестинскиот народ може да го оствари своето право на достоинство, безбедност, слобода и самоопределување“.

Во некои од нејзините најсилни изјави за надворешната политика досега, Харис рече дека ќе преземе секаква акција што е потребна за да ги одбрани интересите на САД против Иран и дека нема да им одговара на тираните и диктаторите.

Таа рече дека таквите лидери, вклучувајќи го и севернокорејскиот Ким Џонг Ун „навиваат за Трамп“.

Таа вети дека ќе застане со Украина во нејзината војна против Русија и со сојузниците во НАТО.

Доколку успее, Харис ќе влезе во историјата како прва жена избрана за претседател на САД.

Таа ги опиша изборите на 5-ти ноември како скапоцена можност да се поминат „горчината, цинизмот и битките за поделби од минатото. Шанса да се исцрта нов пат напред“.

Харис го обвини Трамп дека не се бори за средната класа, планира да донесе зголемување на даноците преку неговите предлози за тарифи и дека го ставил во сила крајот на уставното право на абортус со неговите избраници за Врховниот на САД.

Харис ја истакна неодамнешната одлука на Врховниот суд за претседателскиот имунитет и ризиците што би ги предизвикале доколку Трамп повторно ја добие власта.

„Замислете го Доналд Трамп без граници“, рече таа.

Трамп, кој вети дека ќе одговори на говорот на Харис во реално време, објави низа пораки на Truth Social додека таа зборуваше за него, вклучувајќи:

„Таа се залага за неспособност и слабост – Нашата земја е исмејувана низ целиот свет " и „Таа никогаш нема да биде почитувана од тираните на светот".

Откако Харис го заврши својот говор, 100.000 балони се спуштија врз толпата, изјави претставник на конвенцијата.

Бајден ѝсе јави на Харис за да ѝ посака среќа пред нејзиниот говор, изјави портпаролот на Белата куќа.

Во четврток вечерта, Харис рече дека ќе го усвои намалувањето на даноците на повеќе од 100 милиони Американци. Таа разговараше за нејзините планови да се бори за правата на абортусот, законодавството за правата на глас, да ја зголеми понудата на станови и да го забрани она што таа го нарече „зголемување на цените“.

Нејзината кампања, исто така, предложи да се зголеми стапката на корпоративниот данок од 21% на 28%.

Пред говорот, илјадници палестински поддржувачи уште еднаш се собраа да протестираат против поддршката на САД за Израел во војната во Газа.

Прашањето е едно од оние што предизвикува поделба меѓу демократите и доби мало внимание на конвенцијата, што може да им наштети на демократите на гласачките места.

Харис собра рекордни 500 милиони долари за еден месец и ја намали разликата или го презеде водството против Трамп во многу анкети.

На национално ниво, таа води пред Трамп со 46,6% наспроти 43,8%, според компилацијата на анкети на FiveThirtyEight.

Поврзано

XS
SM
MD
LG