Линкови за пристапност

ФБИ рече дека кампањите на Трамп и Харис биле цел на сајбернапади од Иран


Забележавме сè поагресивна иранска активност за време на овој изборен циклус, се вели во соопштението на ФБИ, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање и Агенцијата за сајбербезбедност и инфраструктура
Забележавме сè поагресивна иранска активност за време на овој изборен циклус, се вели во соопштението на ФБИ, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање и Агенцијата за сајбербезбедност и инфраструктура

САД денес го обвинија Иран дека започнал сајбероперации против кампањите на двајцата претседателски кандидати на САД и дека ја таргетира американската јавност со операции за влијание кои имаат за цел да разгорат политички раздор.

„Забележавме сè поагресивна иранска активност за време на овој изборен циклус“, се вели во соопштението на ФБИ, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање и Агенцијата за сајбербезбедност и инфраструктура, која ја надгледува одбраната на владините компјутерски системи.

Изјавата ги потврди обвиненијата изнесени претходно овој месец од страна на кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека Иран хакирал една од неговите веб-страници, поттикнувајќи истрага на ФБИ.

Во тоа време, Трамп рече дека Иран „можел само да добие јавно достапни информации“.

Иран, се вели во соопштението на САД, ја има насочено и кампањата на потпретседателката Камала Харис, која официјално треба да ја прифати претседателската номинација на Демократската партија на конвенцијата оваа недела.

Иранската мисија во Обединетите нации издаде соопштение во кое ги нарече наводите „неосновани и без каква било основа. Како што претходно објавивме, Исламската Република Иран нема ниту намера ниту мотив да се меша во претседателските избори во САД“.

Во американското соопштение се вели дека Иран извршил операции за влијание насочени кон американската јавност во обид да поттикне политички поделби и „сајбероперации насочени кон претседателските кампањи“.

„Ова ги вклучува неодамна пријавените активности за компромитирање на кампањата на поранешниот претседател Трамп, која ИЦ (разузнавачката заедница) му ја припишува на Иран“, продолжи тој.

Се вели дека разузнавачката заедница е уверена дека иранските оперативци кои користат социјален инженеринг и други средства „барале пристап до поединци со директен пристап до претседателските кампањи на двете страни“, се вели во соопштението.

Тие активности вклучуваат кражби и обелоденувања „со намера да влијаат на изборниот процес во САД“, се додава во соопштението, без да се наведат детали.

XS
SM
MD
LG