Линкови за пристапност

Камала Харис ќе изнесе популистички предлози во првиот економски говор


„Во првите 100 дена, потпретседателката Харис ќе работи на донесување план за уривање цените на намирниците на Американците и за одржување на инфлацијата под контрола“, се вели во меморандумот на нејзината кампања до новинарите во средата.
„Во првите 100 дена, потпретседателката Харис ќе работи на донесување план за уривање цените на намирниците на Американците и за одржување на инфлацијата под контрола“, се вели во меморандумот на нејзината кампања до новинарите во средата.

Камала Харис треба да ги претстави плановите за федерална забрана за „цената“ на храна и намирници и помош до 25.000 долари во авансно плаќање за сопственици на куќи кои прв пат купуваат дом - популистички предлози што потпретседателката ги прифати откако стана претседателски кандидат на Демократската партија.

Планирано е Харис да ги претстави своите предлози во петок, во нејзиниот прв говор за економијата фокусирајќи се на справување со зголемените цени на намирниците и куќите - клучните грижи за гласачите.

Таа треба да зборува пред поддржувачите на митинг во Рајли, Северна Каролина.

„Во првите 100 дена, потпретседателката Харис ќе работи на донесување план за уривање цените на намирниците на Американците и за одржување на инфлацијата под контрола“, се вели во меморандумот на нејзината кампања до новинарите во средата. Харис има за цел да обезбеди „големите корпорации да не можат неправедно да ги експлоатираат потрошувачите за да имаат прекумерен корпоративен профит“, рече нејзината кампања и конкретно ќе се осврне на индустрија за преработка на месо.

„Недостигот на конкуренција на овие посредници им овозможува да ја намалат заработката за земјоделците додека ги зголемуваат цените за потрошувачите“, рече Харис. Говорејќи пред новинарите во четвртокот, Трамп го нарече предлогот на Харис „комунистички контроли“.

„Тие не функционираат, тие всушност имаат сосема спротивно влијание и ефект“, рече тој. Но, тоа води до недостиг на храна, рационализирање, глад, драматично поголема инфлација“, истакна Трамп.

Во САД, Федералните резерви ги одредуваат каматните стапки независно и претседателски политиките немаат големо влијание врз намалувањето на цените, барем на краток рок.

XS
SM
MD
LG