Линкови за пристапност

Реакции по изборот на Тим Волц за потпретседател на Камала Харис


Гувернерот на Минесота Тим Волц ја поздравува американската потпретседателка Камала Харис при пристигнувањето во Минеаполис, на 14 март 2024 година
Гувернерот на Минесота Тим Волц ја поздравува американската потпретседателка Камала Харис при пристигнувањето во Минеаполис, на 14 март 2024 година

Демократската претседателска кандидатка Камала Харис денес го избра гувернерот на Минесота Тим Волц, да биде нејзин потпретседателски кандидат, кој е шампион за либерална политика и обичен говорник за да помогне да се придобијат руралните, бели гласачи.

Еве неколку реакции на нејзиниот избор.

Претседателот на САД Џо Бајден:

„Камала Харис донесе одлична одлука со изборот на гувернерот Тим Волц за нејзин потпретседател... тој е силен, принципиелен и ефективен лидер. Харис-Волц ќе биде моќен глас за работниците и големата средна класа во Америка. Тие ќе бидат најсилните бранители на нашите лични слободи и нашата демократија и ќе се погрижат Америка да продолжи да го води светот и да ја игра својата улога како незаменлива нација“.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп:

„ТИМ ВОЛЦ БИ БИДЕ НАЈЛОШИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ИСТОРИЈАТА! Дури и полош од опасно либералната и неискрен а Камала Харис - ТОЛКУ Е ЛОШ. Тој ќе го ослободи ПЕКОЛОТ НА ЗЕМЈАТА и ќе ги отвори нашите граници за најлошите криминалци што може да се замисли“.

Демократскиот гувернер на Пенсилванија Џош Шапиро:

„Во текот на следните 90 дена, со нетрпение очекувам да патувам низ Комонвелтот за да ги обединам Пенсилванците зад моите пријатели Камала Харис и Тим Волц и да го поразам Доналд Трамп“.

Хилари Клинтон, поранешна демократска претседателска кандидатка:

„Возбудена сум што видов дека Тим Волц се придружува на демократскиот билет. Од обезбедување бесплатни оброци за деца во училиште до спроведување платено семејно отсуство во Минесота, тој сака да прави добро на сите начини. Тој ќе биде неверојатен партнер на нашата прва жена претседател, ајде да го освоиме ова“.

Поранешните демократски претседател Барак Обама и прва дама Мишел Обама:

„Камала Харис избра идеален партнер – и јасно стави до знаење за што точно се залага. Гувернерот Волц не само што има искуство да биде потпретседател, тој има вредности и интегритет да не` направи горди“.

Независниот сенатор Џо Манчин:

„Сите кандидати беа силни и секој од нив ќе беше одличен избор, но не можам да мислам на никој подобар од гувернерот Волц да помогне да се приближи нашата земја и да се врати рамнотежата во Демократската партија“.

Керолајн Левит, портпаролка на кампањата на Трамп:

„Исто како Камала Харис, Тим Волц е опасно либерален екстремист“.

Асоцијација на републикански гувернери:

„Додека Волц ќе се обиде да се продаде како релативно умерен, неговоото досие покажува дека тој постојано ги поддржува најлибералните политики што националните демократи треба да ги понудат и ќе биде во чекор со демократската агенда која веќе ги разочараа Американците“.

Републиканскиот гувернер на Флорида Рон ДеСантис:

„Харис-Волц: најлевичарско гласачко ливче во американската историја“.

Републикански сенатор Линдзи Грем:

„Ако се сомневавте дека Камала Харис е длабоко либерална, не гледајте подалеку од фактот дека нејзиниот избор за потпретседател беше одобрен од Берни Сандерс. Одличен ден за левицата. Лош ден за средна Америка“.

Републиканскиот лидер на Претставничкиот дом на САД Стив Скализ:

„Камала Харис штотуку го направи најлибералното гласачко ливче во историјата уште полиберално. Тим Волц е радикал кој им дозволи на бунтовниците да го запалат Минеаполис до темел во 2020 година“.

XS
SM
MD
LG