Линкови за пристапност

Кого ќе испратат младите гласачи во Белата Куќа, Трамп или Харис?


Кого ќе испратат младите гласачи во Белата Куќа, Трамп или Харис?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:16 0:00

Кого ќе однесат во Белата куќа гласовите на младите – Трамп или Харис? Организаторите од двете страни забележаа гласачки ентузијазам и поддршка, особено кај младите. Но, помладата демографска заедница има историски низок одѕив на гласање. Анализа на Тина Трин. .

Сè поголем дел од гласачите во САД се млади луѓе кои би можеле да одиграат клучна улога на изборите овој ноември, можеби дури и да помогнат да се избере првата жена претседател во историјата на САД - ако излезат да гласаат.

„Причините зошто младите се сомневаат да се појават во овој изборен циклус се директно поврзани со нивната фрустрација од тоа како работи нашата сегашна влада. Младите луѓе имаат многу фрустрации затоа што промените не се случуваат со брзина со која тие би сакале“, вели Руди Гарет од Алијанса за акција на младите.

Но, откако потпретседателката Камала Харис стана претседателски кандидат на Демократската партија, има забележителна промена во однос на возбудата.

„Бројките, особено кај младите гласачи, беа одлични, особено поради ентузијазмот, видовме зголемување од 5 процентни поени во намерата на младите гласачи да гласаат, практично преку ноќ“, вели Ник Ахамед од „Приоритети САД“.
Деветнаесетгодишната Селест Галвез е една од оние кои се чувствуваат енергични по промената.

„Првично, не планирав ниту да гласам. Но, сега кога тој се откажа и Камала се кандидираше, јас сум повозбудена што ќе зачекориме во нов свет каде што можеме да имаме жена претседател. Сега сум всушност возбудена за политиката“, вели Галвез.

Возбудата се претвори во зголемување на бројот на нови регистрации на гласачи. Vote.org објави дека над 100.000 луѓе се пријавиле да гласаат во седумте дена откако Џо Бајден објави дека се повлекува, со гласачи на возраст од 18 до 34 години, кои сочинуваат речиси 85% од тие нови регистрации.

Но, претседателската трка останува тесна, а има еднаков број млади гласачи, особено млади мажи, кои го поддржуваат поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот претседателски кандидат.

„Многу од нив не сметаат дека економијата на САД е во нивен интерес. Значи, кога демократите зборуваат за рекорден раст на работните места, огромен број работни места што ги создаде претседателот Бајден, тие не се гледаат себеси во таа рамка“, додава Ахамед.

26-годишниот Френки Расел е еден од нив.

„Начинот на кој може да ме разберете е да разговарате со мојата возрасна група. Не можете да зборувате за истото - ниски даноци, тврдењето „само што ги намаливме даноците“, за оружјето и вербата. Тоа не е доволно, ни требаат други работи. Потребна ни е политика за Америка прва, да нема нови војни, да не ги испраќаме нашите пари во странство, туку да ги чуваме дома“, вели Расел.

„Фрустрацијата не е еднаква на апатија. Младите всушност разбираат што се случува во политиката. Тие се грижат за тоа што се случува. Тие едноставно не ја гледаат промената што сакаат да ја видат. Но, мислам дека промената што се случи во последните неколку недели дефинитивно создаде нова траекторија“, додава Гарет од Алијанса за акција на младите.

Дали таа траекторија ќе се прошири до гласачките кутии останува да се види, но јасно е дека младите гласачи не треба да бидат изоставени во ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG