Линкови за пристапност

Тим Волц и Бил Клинтон вечерва на Демократската национална конвенција


Демократскиот потпретседателски кандидат, гувернерот на Минесота Тим Волц, пристигнува на предизборен митинг во Милвоки, 20 август 2024 година
Демократскиот потпретседателски кандидат, гувернерот на Минесота Тим Волц, пристигнува на предизборен митинг во Милвоки, 20 август 2024 година

Потпретседателскиот кандидат Тим Волц и поранешниот претседател Бил Клинтон ќе зборуваат на Демократската национална конвенција в среда, третиот ден од претставувањето пред гласачите на новата кандидатка за претседател Камала Харис.

Во деликатен чин на рамнотежа, Харис и демократите кои зборуваат во нејзино име цела недела се обидуваат да ја искористат еуфоријата што ја зафати нивната партија, откако претседателот Џо Бајден се повлече настрана, ставајќи им до знаење на нивните поддржувачи дека изборите ќе бидат жестока борба и фрустрирачки близу.

„Толку многу е во залог на овие избори“, рече Харис вчера во Милвоки, додека конвенцијата продолжи на 145 километри во Чикаго.

„И разберете, ова не е 2016 или 2020 година. Влогот е поголем“.

Работата на Волц денес, кога ќе ја прифати номинацијата, е да им се претстави на Американците кои никогаш не слушнале за гувернерот на Минесота додека Харис не го промовираше кога го избра за потпретседателски кандидат.

Неговата скромна, народна, средозападна аура на татко е баланс на крајбрежното потекло на Харис. Во интензивното следење што доаѓа со претседателската кампања, Волц се соочува со прашања за преувеличување на неговите достигнувања.

Неговата сопруга Гвен Волц оваа недела појасни дека не била подложена на ин витро оплодување, туку користела други третмани за плодност, откако републиканците укажале на тоа дека нејзиниот сопруг повеќепати јавно зборувал за неговото семејство.

Џеј-Ди Венс, републиканскиот кандидат за потпретседател, го нарече Тим Волц лажго.

Републиканците, исто така, укажаа на коментарот од 2018 година во кој Волц се осврнува на оружјето „што го носев во војна“, додека зборуваше за насилството со огнено оружје.

Иако служеше во Националната гарда 24 години, Волц не бил распореден во воена зона.

Клинтон, пак, е ветеран на политичкиот говор на конвенцијата.

Тој ѝ здодеа на публиката со неговото главно обраќање на конвенцијата на демократите во 1988 година, кога тој беше млад, малку познат гувернер на Арканзас. Тоа му наштети на неговиот углед, но тој се опорави и кога следно зборуваше на конвенцијата, четири години подоцна, требаше да ја прифати номинацијата на демократите.

XS
SM
MD
LG