Гувернерот на Минесота Тим Волц, вчера во преполната арена во Чикаго ѝ се заблагодари на потпретседателката Камала Харис што „ја донесе радоста“ на изборите.
„Сите сме овде вечерва поради една убава, едноставна причина: Ја сакаме оваа земја“, рече Волц додека илјадници делегати креваа вертикални плакати на кои пишуваше „Тренерот Валц“ во црвена, бела и сина боја.
Многу Американци никогаш не слушнале за Волц се` додека Харис не го постави за свој потпретседател, а говорот беше можност да се претстави.
Тој зборуваше за неговите искуства како фудбалски тренер, времето во Националната гарда и за искуството на неговото семејство во борбата за плодност - сите делови од неговата биографија што републиканците ги преиспитаа во деновите откако Харис го избра.
Иако не е јасно дали говорот ќе привлече нови гласачи, тој дополнително ги шармираше демократските поддржувачи со своето потекло и помогна да се балансираат крајбрежните корени на Харис, како претставник на државите од Средниот Запад чии гласачи ѝ требаат оваа есен.
Гас Валц, 17-годишниот син на гувернерот, отворено плачеше во текот на говорот, бришејќи ги очите со марамчиња додека гледаше од првиот ред на конгресната сала директно пред гувернерот.
Низ солзи рече: „Тоа е мојот татко“.