Линкови за пристапност

Бајден не е убеден дека ќе има мирен трансфер на власта ако Трамп изгуби на изборите


Републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп, пристигнува да зборува на предизборен митинг, 31 јули 2024 година, во Пенсилванија
Републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп, пристигнува да зборува на предизборен митинг, 31 јули 2024 година, во Пенсилванија

Претседателот Џо Бајден вчера изјави дека не е сигурен дека би имало мирен трансфер на власта во САД доколку републиканецот Доналд Трамп ги загуби претседателските избори на 5 ноември.

„Ако Трамп загуби, воопшто не сум уверен“, рече Бајден во интервју за Си-Би-Ес на прашањето дали мисли дека ќе има мирен трансфер на власта по гласањето.

„Тој го мисли она што го кажува. Ние не го сфаќаме сериозно“.

За време на предизборниот собир во март во Охајо, Трамп предупреди на „крвопролевање“ доколку не победи на изборите.

Во тоа време Трамп разговараше за потребата да се заштити американската автомобилска индустрија од конкуренција во странство, а Трамп подоцна рече дека мислел на автомобилската индустрија кога го користел терминот.

Трамп лажно тврдеше дека победил на изборите во 2020 година против Бајден и беше кривично обвинет во Вашингтон и Џорџија за незаконски обид да ги поништи резултатите.

Бајден се откажа од кампањата минатиот месец, откако колегите демократи побараа од него да се повлече по лошиот настап во дебатата против Трамп што покрена прашања за возраста и здравјето на демократскиот претседател.

Потпретседателката на Бајден, Камала Харис, оттогаш ја освои номинацијата на демократите и се кандидира против Трамп.

XS
SM
MD
LG