Тајмингот за даночните реформи е погрешен, потребни се мерки за борба со сивата економија заради која државата губи многу пари а примената на прогресивниот данок ќе се одложи бидејќи ќе има превисока политичка цена, смета даночниот експерт Павле Гацов
Комисијата за заразни болести не предложи воведување на нови рестриктивни мерки. Во моментот хоспитализирани се 183 пациенти од кои 41 се на кислородна поддршка. Капацитетите се далеку од исполнети. Омикрон Б.А.5 е доминантната верзија на вирусот во државата
„Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија. Тоа е наш долг кон сите оние кои се бореа за таква граѓанска држава, општество на сите граѓани во кое ќе растат нашите деца, внуци и идни генерации“, порача спикерот Џафери
Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање ја критикуваше Владата и владеачката коалиција за погрешни политики, економско и социјално уназадување и за предавство на државните интереси. Уставот нема да се менува нагласи Мицкоски
Борбата допрва почнува, порача лидерот на ВМРО - ДПМНЕ кој повтори дека измени на Уставот нема да има а за тоа се гаранција писмени изјави на пратениците од неговата партија заверени на нотар. Министерот Османи одработуваше за Албанија и во мојата Влада нема да биде ниту службеник.
Премиерот Ковачевски во своето обраќање ги повика пратениците да го поддржат прифаќањето на францускиот предлог за стабилна сегашност и сигурна иднина. Седницата траеше кратко но во тој период се разменија голем број на навреди, обвиниувања, закани и пораки од типот „кој и зошто ќе оди во затвор“
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски смета дека пленарната седница во Собранието е обична фарса и ги повика пратениците од владеачкото мнозинство да не го поддржат францускиот предлог. Десеттиот ден на протестите мина мирно, граѓаните бараа оставки додека говорниците масовност и одлучно „НЕ“
Опасност од асимилација и негирање на македонскиот јазик и идентитет се кријат во францускиот предлог. Ова беа клучните поенти на говорниците на денешниот протест кои порачаа „Да во ЕУ, но како годри Македонци“
Одлучно „Не“ со повици за поголема масовност и одлучност се пораките кои беа испратени од денешниот протест во Скопје
Протестите утре се заменуваат со блокади. Од 13 до 14 часот ќе биде блокиран булеварот пред Владата, превојот „Плетвар“ кај Прилеп и регионалните патишта Велес - Штип и Струмица - Радовиш
Дијаметрално спротивставените ставови на СДСМ и ВРМО- ДПМНЕ околу преговарачката рамка остануваат и по работната средба на претставниците на политичките партии која се одржа попладнево во Клубот на Пратеници
Група демонстранти се упатија кон Собранието каде исто така ги пробија заштитните огради и фрлаа предмети кон Владата, но поголем инцидент не се случи. За утре повторно се најавени протести
Прифакањето на францускиот предлог ќе ја крене бугарската рампа кон ЕУ и тоа е една од клучните причини за ставот на претседателот. Пендаровски со заштитен механизам за во иднина ниту една Влада да не биде принудена да прифати отворање на идентитетски прашања
Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи.Кај 60 отсто од домаќинствата во зиме ќе има покачување од 6,6 отсто на сметките на струја додека лете за 6,6 отсто повоисоки сметки ќе добијат 77,2 отсто до домаќинствата во Македонија покажале пресметките на регулаторите.
Наместо три ќе има четири блока, а домаќинстава кои трошат најмногу струја ќе се најдат во четвртиот блок и ќе плаќаат неколку пати повисоки сметки од досегашните. Домаќинствата кои зиме се греат на струја ќе се најдат во третиот блок но колку ќе платат ќе зависи од новата цена на струјата
Вчитај повеќе