Линкови за пристапност

„One stop shop“ наскоро и на Блаце за побрз проток на граѓани од двете страни на границата


„One stop shop“ наскоро и на Блаце за побрз проток на граѓани од двете страни на границата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00

Најдоцна до април и на граничниот премин „Блаце“ ќе профункционира системот „One stop shop“ за да се подобри и зголеми протокот на патници од двете стани на границата. Според надлежните техничката опрема е доставена и се инсталира.

Најдоцна до април и на граничниот премин „Блаце“ ќе профункционира системот „One stop shop“ за да се подобри и зголеми протокот на патници од двете стани на границата. Според надлежните техничката опрема е доставена и се инсталира, а во тек е процесот на вмрежување на системите на двете држави за проток и размена на информации. Од двете страни на границата се планираат и помали градежни зафати со цел да се зголеми бројот на ленти односно кабини и да се зголеми капацитетот на преминот.

Денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вицепремиерот Изет Меџити и косовскиот шеф на полицијата Џелал Свечла дојдоа на „Блаце“ за да направат увид во подготовките за поставување на системот „one stop shop“.

Системот „one stop shop“’ досега е имплементиран на два гранични премини – „Табановце“ кон Србија и „Ќафасан“ кон Албанија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG