СКОПЈЕ – Ограничени маржи ќе предизвикаат бран отпуштања предупредуваат од Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун, формирана пред три дена во која се членки дел од големи ланци маркети. Оттаму велат дека ограничувањето на маржите ќе предизвика и затворање на маркетите и во прашање се доведува опстојувањето на 86 трговски фирми со 790 продавници и 4 700 вработени.
Од Комората тврдат дека растот на цените го диктираат производителите и добавувачите. Поскапа струја, зголемени давачки се причината поради која ограничувањето на маржата е неприфатливо за членките на Комората.
„ Цената на струјата за една година е зголемена за 72%, за дистрибуција 25%. Платите во 2024 година се зголемени околу 20%, а од март ќе има ново покачување, а трошоците за платите се движат од 12 до 15%. Освен овие, да ги спомнеме и другите комунални давачки, сервисирање на опремата со која работиме. Сите овие оптоварувања, немаме можност да ги издржиме со бруто-маржа од 10%, односно нема да можеме робата да ја ставиме на рафт, а не да ги услужуваме нашите потрошувачи. Со 10% бруто-маржа не можеме да ги покриеме оперативните трошоци, кои се движат од 15-20%. Додека трговците работат со минимални профити, доставувачите продолжуваат да остваруваат значителни маржи, без да ги намалат цените. Проблемот треба да се реши трајно, да се направи контрола за заработката и маржата од производителите и увозниците и на крај трговците, истакнува Комората.
Оттаму се на став дека цените се формираат во зависност од понудата и побарувачката без интервенција на Владата.
Во 124 контроли на инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во перидот од понеделникот до вчера, утрдени се голем број неправилности како нехигиенски услови и храна со поминат рок на трање. Изречени се казни во висина од 82 илјади евара а уништени се дури 22,3 тони небезбедна храна, претежно месо, која можела да звашри кај потрошувачите.
„Донесени се 47 решенија за утврдени недоследности, изречени се 29 парични казни во вкупна вредност од 82 илјади евра во денарска противвредност. Кај 15 оператори утврдени се незадоволителни хигиенски и технички услови во објектот, кај 12 најдена е храна со поминат рок на употреба, а кај 5 храна без следливост, со оштетена амбалажа, недекларирана и сл. Тројца од контролираните оператори не извршиле задолжителни здравствени прегледи за вработените, 10 не воделе записи за ХАЦЦП, добра хигиенска и добра производствена пракса. Кај 4 оператори најдени се несоодветно означени производи, а еден објект не бил регистриран. Нештетно се уништени 22,3 тони небезбедна храна, од кои најголем дел месо“, соопштија од АХВ.
Опозициската СДСМ денес излезе со сет од седум мерки за да се запре растот на цените и да се подобри стандардот на граѓаните.
„Предлагаме пакет од седум мерки и тоа намалување на ДДВ за струја од 18 до 5 отсто. Во ситуација кога голем број од граѓаните се жалат на зголемени сметки за струја со оваа мерка ќе се намалат овие трошоци. Како втора мерка е замрзнување на ДДВ на основните прехранбени производи на три месеци, потоа замрзнување на маржите и под итно да почне да се применува Законот за нефер трговски практики“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.
СДСМ бараат од Владата да се намали цената на зелениот картон и да не се плаќаат придонеси за фирмите во приватниот сектор кои ќе ја зголемат платата на работниците.
Facebook Forum