56 проценти од граѓаните на Северна Македонија, според најновата анкета на Меѓународниот републикански институт, мислат дека земјата се движи во погрешна насока. Анкетата на ИРИ, покажува дека главен проблем за граѓаните се сиромаштијата и нискиот животен стандард – 25 проценти одговориле така.
Владејачкото мнозинство, и покрај противењето на опозицијата, не се повлекува од иницијативата за уставни измени. Идејата е тие да влезат во собраниска процедура што е можно побрзо. Премиерот денеска најави дека тоа ќе се случи пред крајот на месецот. Автор: Владимир Мирчески
Северна Македонија и Албанија сметаат дека е неопходно смирување на тензиите и инсистирање на добрососедски односи во регионот. Димитар Ковачевски и Еди Рама очекуваат дека Белград и Приштина ќе се вратат на дијалогот прекинат по случувањата на северот на Косово.
Продолжуваат контроверзиите во Судскиот совет – денеска ова тело со мнозинство гласови ја утврди листата за избор на двајца нови членови – кандидати се и судии за кои се воделе или водат постапки за одговорност.
Проценките на државниот врв и на разузнавачките служби се дека Северна Македонија се уште е мета на бранот дезинформации. Автор: Владимир Мирчески
Вчитај повеќе