Линкови за пристапност

Канада смета дека местото на Северна Македонија е во ЕУ


Шефицата на канадската дипломатија во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:03 0:00

Шефицата на канадската дипломатија во Скопје

Канада цврсто верува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и на тој пат Скопје може да смета на поддршката од Отава, со таква порака денеска настапи шефицата на канадската дипломатија, Мелани Жоли. Освен за евроинтеграциите, Жоли, со своите домаќини зборувала и за руската агресија врз Украина и придонесот на земјава во нејзината одбрана. Посета на Жоли на Скопје е прва на канадски министер по пауза од 25 години.

„Во однос на пристапувањето кон Европската Унија, сакам да го препознаам и потврдам предизвикот што претстои пред вас. Канада не е членка на ЕУ, но сме блиски пријатели како со ЕУ, така и со Северна Македонија. Ние цврсто веруваме дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и можете да сметате на нашата поддршка. Би сакала да ве охрабрам да ги продолжите вашите напори да пристапите кон Европската Унија. Во изминатите 18 месеци светот се соочуваше со предизвици и оваа посета доаѓа во клучен период – низ светот гледаме се посмели чекори на авторитативни режими, информациите стануваат оружје, а со тоа демократијата е пред закана. Канада цели кон зајакнување на демократиите кои се директно засегнати од Путиновата војна против Украина, демократии кои храбро му се спротивставуваат на Путин. Знаеме дека имаме заеднички вредности. Северна Македонија е клучен партнер на Канада.“, изјави Мелани Жоли, министерка за надворешни работи на Канада.

XS
SM
MD
LG