Напад врз рускиот регион Курск на границата со Украина…
Украина уништи повеќе мостови во регионот оваа недела за да ги блокира патиштата за снабдување.
Русија возврати во украинскиот пограничен регион Суми, оштетувајќи автомобили, но немаше жртви.
Пентагон сега гледа индиции дека Русија преместува мал број сили во Курск за да ја одбие украинската офанзива.
Русија соопшти дека илјадници цивили побегнале од пограничниот регион Курск.
Украинска новинарка кој штотуку се врати од заземениот град Судја за Гласот на Америка потврди дека украинските сили го зазеле рускиот град со мала колатерална штета.
Оваа операција на Украинците овој месец сега е најголемата инвазија врз Русија од Втората светска војна.
Аналитичарите велат тоа и дава нов поттик на Украина.
Тоа им овозможува на Украинците да извршат притисок врз Русија. Тоа е срамно за Кремљ.
Но, како точно овој чекор ќе ја обликува војната во Украина, останува нејасно.
Голем дел од силите што Русите ги користат за одбрана од овој упад во регионот Курск доаѓаат од Русија. Тие не се повлекуваат од линијата на фронтот во самата Украина, иако мал број војници се повлечени.
Украина најави дека го одржува својот воен план во тајност од сојузниците бидејќи многу од нив се обиделе да го игнорираат и го сметаат како нереален.
Пентагон соопшти дека САД ќе продолжат силно да ја поддржуваат борбата на Украина за слобода.
Facebook Forum