Басам Махна бил дома со неговите два сина во петокот наутро кога вооружени мажи упаднале во неговата куќа.
„Одбивме да се евакуираме. Моето семејство, братучед ми и јас. Тие влегоа во куќата и го убија мојот братучед и уште две семејства. Ни упаднаа во куќата... и се заканија дека ќе не обезглават. Ограбија сè, пари и автомобили“, раскажа Махна.
Стотици луѓе беа убиени овде во крајбрежната област на Сирија минатата недела и во текот на викендот. Некои велат дека имало над 1.400 жртви.
Аналитичарите велат дека многу од убиствата биле акти на одмазда за злоупотребите на режимот на диктаторот Башар ал-Асад, кој пропадна на почетокот на декември.
Многу од жртвите беа Алавити, религиозната секта на поранешните лидери на режимот, но не и самите насилници. Аналитичарите велат дека борбите првично биле испровоцирани од напаѓачи-поддржувачи на Асад, кои извршиле и масовни убиства.
„Мислам дека беше изненадувачко што капакот на вода што врие беше ставен на 8-ми декември и ако ништо друго, неверојатно е што беше потребно толку време за нешто да се активира, нешто да ги поттикне сите најлоши чувства и инстинкти“, посочува Чарсл Листер, од Институтот на Блискиот исток.
Тој вели дека лидерите на малцинствата, вклучително и Алавитите, ја повикале привремената влада да испорача правда.
По нападите, илјадници луѓе се кријат во оваа база на Русија, која сè уште се смета за заштитничка од страна на многу Алавити бидејќи Москва беше сојузник со поранешниот режим. Но, регионалните водачи велат дека областа се опоравува.
„Безбедносната ситуација е многу подобра по доаѓањето на безбедносните сили и заминувањето на вооружените групи“, вели Амџад Ал-Султан, администратор на областа Џабле.
Но, според Листер, хуманитарната криза во Сирија продолжува да се продлабочува, а широко распространетата сиромаштија ја поттикнува несигурноста.
„Мислам дека луѓето забораваат дека хуманитарната криза додека Асад беше на власт во декември минатата година беше најлоша во Сирија за последниве 14 години. Но продолжи да се влошува откако Асад си замина“, додава Листер.
Тој вели дека меѓународните економски санкции треба дополнително да се укинат за да и се овозможи на владата да плаќа плати и да обезбеди хуманитарна помош што ќе ја стабилизира земјата.
Махна се согласува, велејќи дека со траен мир ќе дојде економскиот раст.
„Мирното решение е најдобро за иднината на Сирија, но мора да дојде со економско решение за луѓето“, вели Махна.
Сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара изјави дека неговата влада ќе ги казни сите сторители на неодамнешното насилство, дури и ако некои од нив се меѓу неговите поддржувачи.
Facebook Forum