Сојузната држава Калифорнија неодамна се согласи да го поништи законот кој им наложува на компаниите за социјални медиуми да објават како да го ублажуваат говорот на омраза, дезинформации и други потенцијално штетни содржини на нивните платформи.
За законското решение од 2022 година се залагаше членот на собранието во Калифорнија, демокраот Џеси Габриел.
„...Се обидува да одговори на загриженоста дека платформите на социјалните медиуми овозможуваат ширење на омраза, расизам, екстремистичко насилство и теории на заговор“, вели Габриел.
Но, тужбата од 2023 година од страна на социјалниот медиум Икс на Илон Маск, го оспори законот кој бараше платформите да поднесуваат јавни извештаи за нивните практики за модерирање на содржината двапати годишно.
Апелациониот суд на федерално ниво застана на страната на Икс минатата година, одлучувајќи дека законот го прекршува уставното право на слобода на говор на компаниите за социјални медиуми.
„Икс“ не одговори на барањето за коментар за овој извештај.
„Икс го застапува ставот дека ако се тврди дека барањето за известување за одлуки за различни типови содржини, и како да се одговори на тоа, е прекршување на нивните права согласно Првиот амандман, бидејќи ваквите извештаи би можеле да бидат говор, а тоа би било мешање во нивна уредувачка дискреција“, вели Мајкл Караниколас од Универзитетот Далхаузи.
Сојузните држави се обидуваат, но не успеваат, да ги регулираат политиките за содржината на социјалните медиуми.
Флорида и Тексас, две сојузни држави со мнозински републикански електорат, и двете донесоа закони со кои се ограничува способноста на компаниите за социјални медиуми да го контролираат политичкиот говор на нивните страници.
Но, тие закони беа ставени во мирување минатата година, кога Врховниот суд на САД пресуди дека медиумските компании имаат право да донесуваат уредувачки одлуки без мешање на владата.
„Истите прашања, поврзани со првиот амандман, се појавуваат во многу од овие закони, без разлика дали станува збор за антиконзервативна пристрасност, говор на омраза, или погрешно информирање и дезинформација. Се надеваме дека првиот амандман ќе остане силен, за и понатаму да ги имаме придобивките од слободата на говорот на интернет“, вели Џенифер Хадлстон од Институтот „Като“.
Сепак, обидите за регулирање на социјалните медиуми на државно ниво продолжуваат. Во декември, Њујорк донесе закон направен по моделот на законот во Калифорнија.
Facebook Forum