Линкови за пристапност

Украински инженер загинал на фронтот, но од негови скици се роди ново детско игралиште


Украински инженер загинал на фронтот, но од негови скици се роди ново детско игралиште
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

 Украинскиот инженер и војник Андриј Черницки смислил проект за изградба на детско игралиште во неговиот роден град - но не го дочекал тоа. Игралиштето неодамна беше отворено. Известува Тетиана Кукурика.   

Ова видео е направено на 1 јули 2023 година во регионот на Луганск - тоа беше последниот ден од животот на украинскиот војник Андриј Черницки.

На првите линии, Черницки беше командант на дивизија што го бранеше градот Суми и делови од регионот Харков.

„Имав чест да го познавам Андриј повеќе од една деценија - тој беше неверојатна личност, секогаш позитивен, вреден, интелигентен, посветен на каузата. Беше бескрајно посветен на Украина. Жално е што војната ги зема најдобрите“, вели Васил Новачок, заменик – градоначалник на Кмелински.

Черницки загина за време на напад со проектил од руските сили. Имаше 39 години.

„Нема да ги види своите деца како растат... Нашата ќерка многу личи на нејзиниот татко - ќе биде висока, повисока, и од мене! Толку е тажно“, раскажува Ивана Черницка, сопруга на загинатиот Черницки.

Пред војната, Черницки беше инженер.

Работел во станбени и комунални установи. Помеѓу 2017 и 2020 година тој беше член на градскиот совет на Хмелницки.

Во 2018 година, тој излезе со проект за изградба на детско игралиште во градот.

„Во неговите скици, лизгалките беа многу високи - превисоки за деца.. Ги имавме тие скици и нацрти насекаде по дома - тој ги прашуваше нашите деца што мислат и дали им се допаѓаат“, раскажува сопругата.

Черницки немаше шанса да го изгради игралиштето што со љубов го нарече Спајди [[затоа што има облик на пајак]].

Но, тоа беше завршено и отворено за децата да го користат во мај 2024-та.

„Оваа скица ја најдов во фиока. Сè уште верував дека ќе можеме да го изградиме - најдовме градежни работници кои рекоа дека ќе го направат тоа како што го замисли Андриј3, вели Новачок.

Откако игралиштето беше завршено, Ивана Черницка ги донесе децата да го видат остварување на сонот на нивниот татко.

Кога ги донесов моите деца овде, рече: „Да, се сеќавам дека тато црташе на ѕидовите!, и заплака...Ова беше сонот на Андриј.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG