Во 2025 година сме на нивото на безбедност во сообраќајот на коешто земјите од ЕУ беа во 2000 година. Значи две и пол децении заостануваме во однос на преземањето мерки за заштита на луѓето, вели професорот од Факултетот за безбедност, Никола Дујовски
За десетина дена ланците маркети ќе ги добијат правилниците како треба да изгледаат веб страните со цени на продуктите. Пазарната инспекција е на терен и проверува дали одлуките за ограничување на маржите се почитува.
На Светскиот ден за ретки болести, 28 февруари, лекарите посочуваат дека 80 проценти од болестите за кои нема лек се дијагностицирани кај деца, а 30 проценти од тие деца не го доживуваат својот петти роденден.
Од нејзиното учество на собирот во Давос, претприемачката Ѓорчева од Свети Николе носи сознанија и искуства што ја убедиле дека сопственото унапредување е инвестиција за успех. Смета дека може да се успее и без заминување од државата.
Во групата на Делумно слободни земји, со 67 поени, исто како лани, се најде Северна Македонија во новиот извештај за Слободите во светот на Фридом хаус. Корупцијата се наведува како еден од најголемите предизвици на македонското општество.
Нема никакво мешање на политиката во судската власт, туку напротив, станува збор за департизација на Судскиот совет и на правосудните органи, вели во разговор за Гласот на Америка, заменик министерот за правда, Ален Деребан.
Македонскиот премиер оценува дека пораките што ги испраќа администрацијата на претседателот Доналд Трамп е „новото нормално“ и дека нашата држава, како што истакна, е прва што се појавува и го запоседнува теренот.
Вчитај повеќе