Линкови за пристапност

 
Ердоган по средбата со Мицкоски: „за нас е клучно во Украина, преку разговор, да се дојде до мир“

Ердоган по средбата со Мицкоски: „за нас е клучно во Украина, преку разговор, да се дојде до мир“


„Нашите односи се силни како Камениот мост во Скопје“, изјави Ердоган.
„Нашите односи се силни како Камениот мост во Скопје“, изјави Ердоган.

„За нас е клучно во Украина, преку разговори, да се дојде до мировно решение“, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по денешна средба во Истанбул со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

Ердоган и Мицкоски зборуваа за Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Биле отворени и прашањата за Газа, за присуството на организацијата ФЕТО, како и за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји преку зголемување на турските инвестции и поголемото присуство на македонски компании во Турција.

„Нашите односи се силни како Камениот мост во Скопје“, изјави Ердоган.

Со премиерот и пријателот Мицкоски зборувавме за Украина, за Газа, за регионалните и универзалните стратешки предизвици.
Таип Реџеп Ердоган, претседател на Турција

„Турција е една од првите држави која ја призна независна Северна Македонија. Ние сме две пријателски земји кои директно влијаат врз зачувувањето на мирот на Балканот. Повеќе од 30 години нашите односи се силни исто како што е силен Камениот мост во Скопје. Балканот не треба да се гледа како место за конкуренција меѓу народите, туку да биде поле за заедничка соработка. Она што ги врзува двете земји се Турците и нивната заедница кои живеат во Северна Македонија. Ова наше пријателство е под притисок на ФЕТО и ние заеднички мора да се бориме против него. Со премиерот и пријател Мицкоски зборувавме за Украина, за Газа, за регионалните и униврезалните стратешки предизвици. За нас клучно е во Украина, низ разговор, да се дојде до мир. За Палестина имаме заедничко мислење да се формираат две држави.“, изјави претседателот на Турција, Таип Реџеп Ердоган.

„Двете земји се сојузници во НАТО, а заедничкиот приоритет е стабилноста и безбедноста во регионот. Денес, потпишавме заедничка политика декларација за основање на Совет за соработка на највисоко политичко ниво, а основите за ова се содржани во темелниот документот наречен Стратегија за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Турција потпишан во 2008 година. Посветени сме на градање на силно партнерство.“, заклучи премиерот Христијан Мицкоски.

XS
SM
MD
LG