Најновата сила на НАТО за брз одговор ја тестира својата сила во Романија, на само километри од украинската граница. На вежбата САД не учествуваат. Операцијата ја води Првата дивизија на Велика Британија. Известува Мирослава Гонгадзе.
Огромните резерви минерали на Украина ѝ даваат потенцијал да биде стратешки снабдувач на Западот. Претседателот Трамп понуди договор со кој ќе продолжи американската поддршка за Украина во замена за пристап до нејзините минерали. Известуваат Мирослава Гонгадзе и Ана Черникова.
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го замрзне поголемиот дел од странската помош се одрази врз украинските организации кои обезбедуваат хуманитарна помош.
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го замрзне поголемиот дел од странската помош се одрази врз украинските организации кои обезбедуваат хуманитарна помош. Известуваат Мирослава Гонгадзе од Варшава и Ана Черникова од Киев.
Новата американска воена база во северна Полска е клучен дел од ракетниот одбранбен систем на НАТО познат како ЕГИС. Сместена во Реџиково во близина на Балтичкото Море и блиску до рускиот регион Калининград, базата е опремена со проектили и ракети - пресретнувачи. Известува Мирослава Гонгадзе.
Во 2024 година, војната во Украина речиси беше во застој. Двете страни, добро усогласени со напредната воена технологија, се мачеа да напредуваат, насочувајќи го вниманието кон можните мировни разговори. Остануваат надежите за отворање пат кон мирот. Анализа на Мирослава Гонгадзе
Со враќањето на поранешниот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, Украинците се подготвуваат за потенцијални промени во политиката на САД кои би можеле да ја преобликуваат нејзината борба за опстанок против руската агресија. Известува Мирослава Гонгадзе
Двојазично училиште им помага на украинските деца да се интегрираат во Унгарија. Според ОН војната во Украина раселила повеќе од 6 милиони луѓе. Повеќе од 60.000 од нив - главно жени и деца - сега живеат во Унгарија. Од Будимпешта известува Мирослава Гонгадзе
Критиките во ЕУ се зголемуваат против долгогодишниот лидер на Унгарија, Виктор Орбан, како и за прашањата за иднината на улогата на неговата земја во Европа. Унгарската опозиција го обвинува Орбан дека работи на поткопување на безбедноста и единството на Европа. Известува Мирослава Гонгадзе.
Се стеснува просторот за известувања за корупција, недолично однесување на јавните служби и други критични прашања во Унгарија. Тамошните власти воведоа одредби со кои се наметнуваат засилени контроли врз работењето на независните медиуми. Мирослава Гонгадзе известува од Будимпешта.
Балтичката одбранбена линија - нов систем за одбрана долж нивните граници со Русија и Белорусија - треба да ги заштити сојузниците на НАТО од потенцијални напади. Мирослава Гонгадзе известува од границата меѓу Летонија и Русија. .
Украина има нов министер за надворешни работи, еден од најновите потези додека претседателот Володимир Зеленски ја започнува најголемата реконструкција на неговата администрација по руската инвазија во 2022 година.
Летонија некогаш беше прибежиште за руските олигарси кои преку бројни канали внесуваа милиони долари без јасни покритија. Но, откако Западот ја промовира идејата за поддршка на Украина преку замрзнатите руски пари, Летонија стана силен поддржувач на планот. Известува Мирослава Гонгадзе. .
Претседателската кампања на САД внимателно се следи во Украина бидејќи нејзиниот исход би можел значително да влијае на регионалната безбедност, надворешната политика на САД, поддршката на НАТО, помошта за Украина и односите со Русија. Повеќе детали од Мирослава Гонгадзе. .
Неодамнешното насилство меѓу војниците и имигрантите на полско-белоруската граница ја поттикна полската влада повторно да воведе тампон зона од 200 метри. Полска го гледа најновиот прилив на мигранти од Белорусија како тактика на хибридна војна. Мирослава Гонгадзе го посети регионот
Додека Русија ја засилува својата офанзива во источна Украина, официјални лица од Командата на САД во Источна Европа велат дека е итно НАТО да биде подготвена за можна конфронтација. Известува Мирослава Гонгадзе.
Вчитај повеќе