Линкови за пристапност

Колку вредат украинските рудни богатства? 


Колку вредат украинските рудни богатства? 
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

Огромните резерви минерали на Украина ѝ даваат потенцијал да биде стратешки снабдувач на Западот. Претседателот Трамп понуди договор со кој ќе продолжи американската поддршка за Украина во замена за пристап до нејзините минерали. Известуваат Мирослава Гонгадзе и Ана Черникова.  

Во рудникот Заваливски во централна Украина се наоѓа едно од најголемите наоѓалишта на графит во Европа, клучна компонента во батериите за електрични возила и нуклеарните реактори.

Ова е само еден од огромните резерви на клучни минерали на Украина што ги бара Западот додека се обидува да ја намали својата зависност од Кина за такви суровини.

Со правилни инвестиции, претставниците на рудникот велат дека тој би можел да стане глобален играч во секторот за графит.

„Станува збор за милијарди долари и години инвестиции. За да направи чекор во овој процес, украинската влада треба да соработува прилично одблизу со американските партнери, со другите европски партнери, со големите светски играчи за да ја направат оваа основа заедно“, вели Остап Костјук, извршен директор на рудникот за графит Заваливски.

Украинската влада вели дека земјата има депозити на 22 од 50 стратешки материјали идентификувани како клучни од САД.

И има 25 од 34 што Европската Унија ги класифицира како од суштинско значење.

Овие ресурси вклучуваат графит, литиум, титаниум и ураниум - минерали неопходни за одбраната, зелената енергија и индустриите за високотехнолошки апликации.

Иако земјата има огромен потенцијал, експертите велат дека ќе бидат потребни големи инвестиции за да се искористат тие резерви.

„Проектите за ретки земни минерали не само што се многу важни, тие се и стратешки за развој, не само за нашите западни партнери туку за нашиот развој“, посочува Марија Курило од Државната комисија за минерали.

Украинска компанија со инвестиции во рударството, вели дека потрошила 100 милиони долари на клучни проекти со минерали, но оти ѝ требаат стотици милиони повеќе инвестиции за да ги зголеми своите операции.

„Развој на рударство за графит во Балаховка, ова е околу 450 милиони американски долари од вкупните капитални расходи што треба да ги инвестираме“, вели Сергиј Војцеховски од „BGV Group Management“.

Додека САД и другите западни земји се обидуваат да ја намалат нивната зависност од Кина за клучните минерали, Украина гледа можност да ги зајакне своите економија и безбедност.

„Ние се потпираме на стратегија за победа за сите. Знаеме дека тие [партнерите] имаат потреба од овие материјали. И ова не е само материјал, ова е производ со висока додадена вредност“, вели Војцеховски.

САД и ЕУ со години работеа на намалување на нивната зависност од Кина, најголемиот светски снабдувач на ретки минерали.

„Украина ќе им помогне на Европа и на САД да ја минимизираат зависноста од Кина и делумно од Русија. И, исто така, се разбира, тоа ќе ја зајакне отпорноста на земјата. За Украина, испораката на инвеститори би можела да биде како железна купола“, вели Роман Опимак, поранешен генерален директор на Украинскиот геолошки институт.

Опимак додава дека го гледа партнерството и како стратешко и како економско.

И покрај војната и потенцијалните територијални загуби, тој вели дека повеќето клучни минерали остануваат под контрола на Киев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG