Линкови за пристапност

Командата на САД во Источна Европа апелира на засилена воена подготвеност


Полски и американски војници на заедничка воена вежба во Полска, април, 2022
Полски и американски војници на заедничка воена вежба во Полска, април, 2022

Додека Русија ја засилува својата офанзива во источна Украина, официјални лица од Командата на САД во Источна Европа велат дека е итно НАТО да биде подготвена за можна конфронтација. Известува Мирослава Гонгадзе.

Десет илјади американски војници се на ротација во Полска, фронтот на НАТО. Првата коњичка дивизија на Армијата на САД ја презеде контролата од Третата пешадиска дивизија за источноевропската мисија.

Војската на САД тесно соработува со сојузниците во НАТО за зајакнување на одвраќањето.

Десет илјади американски војници се на ротација во Полска
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Во 2020 година, тие повторно го активираа Петиот корпус, подобрувајќи ја командата и контролата за американските, сојузничките и партнерските сили во Европа.

Генерал-полковник Чарлс Костанца, командантот на Петиот корпус, вели дека Русија претставува краткорочна закана за НАТО.

Мислам дека има малку погрешна перцепција оти имаме време и дека Русија претрпела многу загуби. Треба да бидеме подготвени во блиска иднина
Генерал-полковник Чарлс Костанца

„Мислам дека има малку погрешна перцепција оти имаме време и дека Русија претрпела многу загуби и дека ќе им треба време за да се обнови и реконституира. Јас го немам тоа сфаќање. Мислам дека треба да бидеме подготвени во блиска иднина“, вели генералот Констанца.

Украинските власти и извештаите на западното разузнавање велат дека загубите на Русија во Украина биле тешки - со речиси 50.000 војници убиени во акција.

Но, Костанца вели дека руските сили брзо се обновуваат, и иако не биле толку добро обучени како војниците на НАТО, се зголемиле од почетокот на нивната целосна инвазија.

„Тие исто така се модернизираа по лекциите од борбите во Украина, што ќе биде проблем за нас на Запад, бидејќи Украина користи западна опрема. Тие користат западни техники. Русија учи како да го победи тоа“, додава Констанца.

Тој гледа вистинско чувство на итност НАТО да биде подготвена. Полските партнери се согласуваат и им изразуваат добредојде на американските трупи.

Полска отсекогаш ја гледала Русија како закана. Но, бригадниот генерал Фајковски, командант на 11-та оклопна коњичка дивизија на полската Армија, вели дека сите сојузници на НАТО сега ја препознаваат сериозноста на таа закана.

„Сега кога Русија ја нападна Украина, сите маски се тргнати. Сега знаеме сè. Русите покажуваат како размислуваат, како функционираат и сега сè е јасно“, вели генералот Фајковски.

Тој нагласува колку е важно Полска да има американски војници стационирани на нејзина територија, како одвраќање.

„Мораме да бидеме подготвени да им покажеме на Русите дека сме подготвени. Нема начин да не` нападнете. Ако ја нападнете дури и најмалата земја како Латвија или Естонија, ние сме подготвени да се соочиме со заканата“, додава генералот Фајковски.

Полските воени претставници нагласуваат дека низ историјата и поради географска локација на државата во срцето на Европа, честопати морала да се бори прва - една од причините поради која моментално троши речиси 4 отсто од својот БДП за одбрана.

Сеќавањата на нацистичката окупација во Втората светска војна и советската доминација во периодот потоа, ја научија Полска неколку болни лекции.

Обезбедувањето поддршка за Украина сега и помагањето во обуката на украинските војници се знаци дека Полска избира да ги примени лекциите од минатите војни за да избегне страдање од нови.

XS
SM
MD
LG