Линкови за пристапност

Анализа: Изборите во САД, погледнати од украинска страна


Анализа: Изборите во САД, погледнати од украинска страна
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Претседателската кампања на САД внимателно се следи во Украина бидејќи нејзиниот исход би можел значително да влијае на регионалната безбедност, надворешната политика на САД, поддршката на НАТО, помошта за Украина и односите со Русија. Повеќе детали од Мирослава Гонгадзе. .

Потпретседателката Камала Харис шест пати се сретна со украинскиот претседател Зеленски, последно тоа беше во јуни на Украинскиот самит за мир во Швајцарија.

Целосната руска инвазија на Украина, која започна една година по администрацијата предводена од Бајден и Харис, ја обликуваше и надворешната политика на САД.

Раководството и поддршката на САД се клучни за да и се помогне на Украина да се спротивстави на руската агресија, вели Иванна Климпуш-Цинцадзе која е дел од украинскиот парламент.

„Сепак, ние исто така разбираме дека, за жал, некои од политиките за испорака на оружје [кои беа премалку или пребавни] во Украина, ова е нешто што треба да се промени“, вели Климпуш-Цинцадзе.

Таа вели дека двопартиската американска поддршка е клучна за Украина, а Киев се подготвува да работи со која било администрација за да обезбеди континуитет на помошта.

САД и натаму остануваат главни кои и даваат помош на Украина. Според германски институт за светска економија, од почетокот на целосната инвазија на Украина, САД одвоиле повеќе од 81 милијарда долари.

Политиката на администрацијата на Бајден и Харис за поддршка на Украина беше историска, вели аналитичарот Микола Давидјук.

„По Втората светска војна тоа е најголемата поддршка на европските држави. Па така, тие креираа историја“, посочува Давидјук.

Украинскиот политиколог Јевхен Хлибовицки вели дека количината на помошта е критична, но разбирањето на намерите на Русија и стратешката улога на Украина се подеднакво важни.

„Најголемиот неуспех на администрацијата на Бајден беше всушност тоа што не виде дека Русија треба да биде поразена за да деескалираат тензиите на меѓународно ниво. Така, додека се обидуваше да ја спречи Третата светска војна, всушност администрацијата на Бајден направи грешки што ја направија Третата светска војна поверојатна“, смета Хлибовицки.

Сепак, тој забележува дека републиканска поддршка за Украина не е загарантирана. Поранешниот претседател Доналд Трамп изрази загриженост за корупцијата во земјата и ги доведува во прашање воените сојузи.

„Украина е во ситуација соочена со тешки алтернативи, бидјеќи потенцијалната администрација на Трамп и се заканува на Украина дека воопшто ќе го прекине снабдувањето, а и се закани дека или ќе се повлече од НАТО или ќе ја намали важноста на НАТО“, вели Хлибовицки.

Без разлика дали републиканец или демократ ќе биде претседател по изборите во ноември, руската војна во Украина и обезбедувањето мир во Европа ќе останат клучни грижи за следниот американски лидер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG