Линкови за пристапност

НАТО вежба во Романија, без САД


НАТО вежба во Романија, без САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

Најновата сила на НАТО за брз одговор ја тестира својата сила во Романија, на само километри од украинската граница. На вежбата САД не учествуваат. Операцијата ја води Првата дивизија на Велика Британија. Известува Мирослава Гонгадзе.

Во Смардан, Романија, на околу 50 километри од молдавската и украинската граница, европските сили на НАТО ја спроведуваат најголемата воена вежба: „Непоколеблива стрела“, 2025. Десет илјади војници од девет земји на НАТО учествуваат во овие вежби.

Војници на НАТО од „Сојузничките сили за реакција“ ја тестираат својата сила и брзина додека тренираат за зајакнување на источното крило на НАТО без армијата на САД. Операцијата ја води 1-та дивизија на Британија, продолжувајќи го долгогодишното лидерство на Алијансата.

Романија, заедно со Бугарија и Грција се домаќини на вежбите.

„Многу е важно затоа што е прва обука на кој вежбаме распоредување на сојузничките брзи сили. Горд сум што овој настан е во Романија. Исто така, важно е да фокусираме на интероперабилноста меѓу нашите војници, меѓу нашите единици“, вели генералот Георгита Влад, шеф на одбранбените сили на Романија.

За војниците на теренот, вежбата е тест за единството, издржливоста и способноста на НАТО во близина на границата на активната војна во Украина. Во овој регион паднаа и руски дронови и ракетни остатоци насочени кон Украина.

Илјадници војници се обучуваат при сложени борбени сценарија и координираат маневри низ источното крило на НАТО. Како дел од вежбата, повеќе од 700 воени возила беа транспортирани по копно, воздух и море за да се тестира способноста на НАТО - брзо да распореди сили во реални услови.

Вежбата се совпаѓа со третата годишнина од руската инвазија на Украина, каде што борбите предизвикаа брзо развивање на воените тактики и способности.

„Војните секогаш се прилагодуваат и се менуваат, и како што забележавте, војната со беспилотни летала е значаен нов додаток. НАТО студира и тренира за тоа и се прилагодува со нови способности“, рече Адмирал Стујард Мунш, командант на поморските сили на САД за Европа и Африка.

Командантот вели дека сојузничките нации носат и своја експертиза.

„Тоа го правиме во НАТО, а исто така и дел од новата опрема што ја донесовме. Сите нации, поединечно - за своите национални цели - се многу активни во развивањето на овие нови капацитети“, доава Мунш.

Европските сојузници велат дека вежбите им помагаат на војниците да научат да работат без учество на американските колеги, иако САД велат дека остануваат посветени на НАТО Алијансата.

„САД беа основачка членка на НАТО, долго време беа лидери во НАТО. Секретарот Хегсет рече дека иако можеби се потребни некои промени, ние сè уште сме целосно посветени кон НАТО“, додава Мунш.

Во меѓувреме, вежбите покажуваат дека НАТО ја зајакнува својата источна одбрана, ѝ е подготвен за секаков предизвик.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG