Линкови за пристапност

Нов масовен наплив од мигранти кон Полска од Белорусија


Нов масовен наплив од мигранти кон Полска од Белорусија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

Неодамнешното насилство меѓу војниците и имигрантите на полско-белоруската граница ја поттикна полската влада повторно да воведе тампон зона од 200 метри. Полска го гледа најновиот прилив на мигранти од Белорусија како тактика на хибридна војна. Мирослава Гонгадзе го посети регионот

На границата меѓу Полска и Белорусија, Беловешка шума, популарна кај туристите и кај луѓето што ја сакаат природата, беше место на неодамнешни судири меѓу полските војници и мигрантите, што ја натера Полска повторно да воведе тампон зона од 200 метри.

Областа е делумно поделена со оваа ограда од 2021 година, кога Полска првпат се соочи со прилив на мигранти од Белорусија.

Тогаш полската влада ја обвини Белорусија дека користи мигранти, некои од Блискиот Исток, како хибридна воена тактика за да ја дестабилизира ситуацијата на границата со Европската Унија и НАТО.

Михал Бура, висок офицер на полската гранична стража, вели дека овој пат насилството на границата е зголемено.

„Ситуацијата на границата е многу опасна. Секојдневно имаме по неколку стотици инциденти на илегално поминување. Мигрантите се многу агресивни и ги напаѓаат полските граничари“, вели Бура.

Неодамна двајца полски граничари беа хоспитализирани, откако се здобија со повреди на границата од нападите на мигрантите, меѓу кои имаше и инцидент со бодење.

„Оваа миграција е вештачки насочена. Владите во Москва или Минск одлучуваат кога и колку луѓе ќе поминат преку границата. Ова не е природен процес на миграција. Ова е еден од елементите на хибридната војна. Ова е тест на нашата сила, способности и одвраќање на вниманието од војната во Украина“, објаснува Бура.

Гласот на Америка побара коментар од претставниците на Белоруската амбасада во Полска и не доби одговор. Белоруските власти ги отфрлија обвинувањата дека нивната земја им помагала на мигрантите да се насочат кон полската граница.

По неодамнешната посета на оваа област, полскиот премиер Доналд Туск најави повторно воведување на тампон зоната од 200 метри долж границата, која беше воспоставена во 2021 година, а тргната една година подоцна, кога беше завршена граничната ограда.

Оливија Харли е волонтерка на групата „Граница“, која им помага на мигрантите на границата и ги следи прекршувањата на човековите права. Таа вели дека мигрантите се користат како пиони од Белорусија.

„Тие сакаат да влезат во Европската Унија. Не сакаат да бидат уапсени и ставени во затвор за убиство, на пример, на полски војник или полски граничар. Но, има многу смисла од белоруска гледна точка, бидејќи тие многупати се обидоа да ја испровоцираат полската армија и полските граничари“, вели Харли.

Харли се сеќава на мигрантите кои раскажувале за тешката бруталност што ја трпат во Белорусија.

„Тепања, силувања, гладни и неисхранети луѓе и високото ниво на поткуп, се причина поради која ги молат полските сили да не ги враќаат назад во Белорусија“, додава Харли.

Харли ни ја покажа границата на тампон зоната. Таа вели дека зоната нема да го реши проблемот и може да им наштети на локалните бизниси.

„Дозволено е да бидете на овој пат, но од другата страна, 15 метри во шумата, е невидлива линија што не смеете да ја поминете“, посочува Харли.

Туристите веќе почнаа да ги откажуваат своите планови за посета на областа. Харли и другите велат дека треба да има сложено решение кое ќе ја обезбеди границата и ќе ги заштити човековите права на барателите на азил.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG