Линкови за пристапност

Независните медиуми во Унгарија под лупа на тамошните власти


Независните медиуми во Унгарија под лупа на тамошните власти
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:43 0:00

Се стеснува просторот за известувања за корупција, недолично однесување на јавните служби и други критични прашања во Унгарија. Тамошните власти воведоа одредби со кои се наметнуваат засилени контроли врз работењето на независните медиуми. Мирослава Гонгадзе известува од Будимпешта.

Тамас Бодоки го основа Атлатцо во 2011 година како платформа за независно истражувачко новинарство. Со Атлатцо, што значи „транспарентно“ на унгарски јазик, Бодоки планираше да известува за корупција, службено недолично однесување и други критични прашања за кои станува се потешко да се известува.

„Мејнстрим медиумите се под голем политички притисок во Унгарија и тоа беше дел од причината зошто ја напуштив мојата мејнстрим медиумска работа и ја основав непрофитната организација, за да се ослободам од овие притисоци”, тврди Бодоки.

Тој притисок доаѓа од владата на премиерот Виктор Орбан. Медиумските аналитичари долго ги критикуваа обидите на Орбан и неговите поддржувачи да ја контролираат медиумската сцена, да го обликуваат јавното мислење и да ја консолидираат моќта.

„Почнаа да купуваат мејнстрим медиуми. Медиумите во основа беа окупирани и исполнети со партиски лојалисти и претворени во пропагандна алатка. Исто така, приватните медиуми беа заробени од власта и претворени во некакви пропагандни алатки”, додава Бодоки.

Во 2018 година, создавањето на Централноевропската Фондација за печат и медиуми стана пресвртница за медиумите во Унгарија. Консолидираше речиси 500 медиуми во еден провладин ентитет.

Сега преживеаја само неколку независни медиуми, како што се Атлатцо, Телекс и 444. За да продолжат да работат, тие делумно се потпираат на финансирање од меѓународни донатори.

Габор Пољак, професор по право за медиуми, вели дека раководството на Унгарија во моментов има две медиумски стратегии: едната ја турка провладината агенда и е финансирана од јавните медиуми.

„Другиот дел од медиумскиот систем е независен. Таму новинарите ја вршат истата работа како новинарите во западниот свет, прават многу добри истражувачки написи”, вели Пољак.

Но, тоа критично финансирање сега е загрозено од Канцеларијата за заштита на суверенитетот на Унгарија. Државниот орган има задача да ги истражува изворите на финансирање на медиумите, поединците или граѓанското општество.

Унгарија вели дека законот е потребен за да се заштити од она што владата го нарекува „несоодветно политичко мешање“. Но, владините критичари - вклучително и Атлатцо и Транспаренси Интернешнл Унгарија - беа меѓу првите на мета.

„Во основа, тоа се две непрофитни организации кои се многу активни во антикорупцијата и кои направија многу за да ја разоткријат корупцијата на владите на Орбан во последната деценија”, вели Бодоки.

Унгарските новинари изразија вознемиреност.

„Оваа канцеларија за суверенитет беше нешто за што требаше да се собереме и да издадеме заедничко отворено писмо, во кое се вели дека тоа е закана и тоа е нешто што е неприфатливо”, вели Балаж Кауфман, новинар.

И Европската комисија презеде акција. Во мај, таа испрати формално писмо и мислење во кое се нагласува дека законодавството е спротивно на правото на ЕУ.

Унгарија во својот одговор рече дека законот е да го ограничи странското финансирање на политичките партии. Но, комисијата возврати. Во октомври, таа го предаде случајот до Европскиот суд на правдата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG