„Јас ги мерам зборовите. Од скандал не произлегла ниту една политика. Јас сакам да верувам дека не се работеше за намерен привид. Се работеше за случајна акција и реакција“, коментира претседателката Сиљановска - Давкова за последниот инцидент во Софија со непоставувањето на македонско знаме.
Проектот на публицистот Тошо Филиповски е осмислен како едночасовни предавања за почетоците, развојот и сегашноста на македонската рок музика. За време на престојот во САД депонираше примероци од книгите во Конгресната библиотека во Вашингтон и во Музејот на Рокенрол Холот на славните во Кливленд.
Во Европа се зборува за „зелена транзиција“. Но, во Македонија ни е потребна енергија во зима, а во зима не можеме да се потпреме на сонцето. Треба да направиме ревизија и целосна модернизација и севкупната енергетска стратегија, најави Божиновска во интервјуто за Гласот на Америка во Вашингтон.
Сега во албанскиот кампус има два блока и тие се натпреваруваат со идеи, програми, платформи, што е придобивка за Албанците и за целата држава, бидејќи конкуренцијата го раздвижува западниот свет, наведува првиот вицепремиер Изет Меџити кој е во посета на Вашингтон.
Симпатичниот ресторан „Конзулат“ ја доловува богатата разновидност на њујоршката метропола. Идејата, изникна од животното искуство на Методија како странец од Македонија, кој бил во авантура по американскиот сон во Њујорк. Му се приклучил и неговиот брат Кирил.
„Дневно мора да се достигнат - 100 склекови за две минути“ – вели 21-годишниот Битолчанец Стефан Здравевски, прв кадет од Северна Македонија на престижната воена академија Вест Поинт во сојузната држава Њујорк на Отсекот за одбранбена стратегија и науки.
Мислам дека релациите меѓу Северна Македонија и НАТО се одлични. Веќе четврта година сме полноправна членка на НАТО, изјави претседателот на Собрание Африм Гаши, кој учествува на Парламентарното собрание на НАТО по повод 75- годишнината од основањето на Алијансата.
Вчитај повеќе