Линкови за пристапност

Мицкоски на отворањето на Самитот на НАТО не го изговори уставното име на државата


Премиерот се осврна на очекувањата од сите членки за поголем придонес во заедничката одбрана.
Премиерот се осврна на очекувањата од сите членки за поголем придонес во заедничката одбрана.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски даде изјава за новинарите на отварањето на Самитот на НАТО.

„За нас претставува посебна чест и задоволство да се биде во друштво на овие луѓе, заедно со нив да го одбележиме овој јубилеј - 75 години од постоењето на НАТО - најголемата одбранбена алијанса во светската историја“, изјави премиерот на Северна Македонија.

Тој рече дека неговата земја е подготвена да го додадеме својот придонес на сето она што претставува вредност.

„Тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност, како и досега така и во иднина, дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право“, истакна Мицкоски.

Ги истакна личните очекувања од Самитот во Вашингтон:

„Како малуброен народ, сакаме да потврдиме дека она кое што е за нас важно е во деновите кои што овде да разговараме за важните прашања и ги донесеме најзначајните одлуки кои што ќе ја моделираат иднината на човештвото во наредните декади“, изјави македонскиот премиер.

„И ние ќе го дадеме својот придонес, Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите. Како македонска влада, сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и на македонските граѓани“, оцени Христијан Мицкоски на отворањето на Самитот во изјавата за новинарите.

Изјава на Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00

Премиерот се осврна на очекувањата од сите членки за поголем придонес во заедничката одбрана.

„Она што сакам да го потврдам исто така е дека остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минумум 2% од БДП да бидат инвестирни во модернизација на нашата армија, нешто кое што е многу важно, затоа што само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата светска одбранбена Алијанса која што некогаш постоела“, истакна премиерот Мицкоски.

Во изјава за новинарите, и бугарскиот премиер Димитар Главчев се осврна на односите со Северна Македонија.

„На исто мислење сме дека треба да се намалат тензиите во реториката, затоа што знаете вообичаено меѓу граѓаните, меѓу народите, на две соседни земји нема тензии и политичарите ако не помагаат помагаат да се развиваат односите, не треба да пречат, тоа е моте сфаќање во принцип. Најдобро е да помагаат. Зборувавме да се нормализираат односите и да се вратат на ниво од 2017-та кога беше потпишан Договорот за добрососедство“, истакна бугарскиот премиер.

Претходно, Грција изрази загриженост за неупотребата на уставното име на Северна Македонија.

„И ова е нешто за што не може да се преговара. Многу е јасно, тоа е во Договорот од Преспа, и јас за тоа не можам да преговарам. И кога ќе слушнам дека новата Влада ја нарекува државата Република Македонија внатре во државата, јас имам сериозни грижи“, оцени грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Пентагон неодамна испрати порака до двете земји, спорот околу Договорот од Преспа да го остават надвор од Самитот на НATO.

Според најавите, претседателот Џо Бајден вечерва организира свечена вечера во Белата куќа за учесниците на Самитот во Вашингтон на која треба да присуствува и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

XS
SM
MD
LG