Со рафинирано, глобално, француско – американско софистицирано мени, креирано од познатиот готвач Алан Варгас, „Конзулат“ ги води гостите на меѓународно патување и доживување со експлозија од медитерански вкусови, за сите коишто, ценат што е - добра храна!
Од келнери, до сопственици на ресторан. Која е формулата за успех во Њујорк, за градот кој велат, дека ако успееш во Њујорк, можеш да успееш - секаде! Близнаците Михајлови, станаа синоним за успех во САД, и остварување на американскиот сон.
Мики живее во Њујорк од 2011-та, а неговиот брат Кирил од 2016-та. Како што вели Мики самиот, го „испекол занаетот“ во Њујорк. Се навраќа на почетоците:
„Уште пред да се најде локацијата, концептот беше отсекогаш дека ќе се вика ресторанот Конзулат. Еве да кажеме, македонскиот Конзулат е место кое им помага на емигрантите и професионалците во Њујорк. Нашиот Конзулат е место каде се склучуваат нови бизниси и пријателства. Но, ние, одлучивме дека нема да биде место само за Македонците, туку ќе биде за сите во Њујорк“, вели Методија.
Да се работи во Конзулат, треба да се има најмалку тригодишно искуство во угостителскиот бизнис, особено за француска храна, познавање на вината и коктелите, велат сопствениците.
„Нашата кујна ја викаме модерна, француско-американска кујна. Тоа е еден вид на фузија од традиционални француски јадења, ѝ им дадовме на главните готвачи целосна слобода да имплементираат и други специјалитети, кои ќе бидат подготвени со француски шмек“, коментира Кирил.
Главните готвачи ги смислуваат специјалитетите на дневна база. Тоа е веројатно урнекот за успех и прифаќање на ресторанот и од најпребирливите Њујорчани!
За конкуренцијата во метрополата, Мики вели дека тоа е здрава работа оти те движи да бидеш најдобар во тоа што го правиш, постојано да се подобрува квалитетот на храната и услугата со оглед дека во Њујорк има околу 6000 ресторани.
Глас на Америка: Мики, велат, дека ако успееш во Њујорк, можеш да успееш секаде? Точно ли е?
Мики: Мислам дека во Њујорк е полесно да се успее отколку во Македонија.
Глас на Америка: Зошто?
Мики: Прво, има голем обрт на капитал, средната класа е голема, а потрошувачката моќ на жителите во Њујорк е енормна. Полесно е, градот те движи, те мотивира, лесно се отвора бизнис... Има многу народ кој што има платежна моќ, да излегуваат по ресторани, да вечераат...
Глас на Америка: Дали одите често дома, во Македонија? Што ви недостига најмногу?
Кирил: „Морето“, се шегува тој.
Мики: Родителите и пријателите. Нашите родители се уште се таму, како и најблиските пријатели. Уживање ни е секогаш кога сме дома, и успеваме по два пати годишно да одиме во Скопје.
Што е следно, за овие, двајца скопски креативци?
Планираат нова локација; да отворат кафуле за кафе и вино во квартот Вест Вилиџ во Њујорк.
Њујорк е феноменално место да пробаш нешто ново. Place to Be - потенцираат Михајлови.
Во Америка, својот успех го припишуваат на упорноста и напорната работа.
Брендот, „Конзулат“, познат на Апер Вест Сајд како шармантен ресторан и бар инспириран од Франција, ја отвори и својата втора локација во Мидтаун во Њујорк. Креаторите на целиот проект, Скопјанецот Мики Михајлов и неговиот брат - близнак Кирил се сопственици на оригиналниот ресторан на Апер Вест Сајд уште во 2019 година и сега го нудат успешниот концепт во раздвижениот Мидтаун во Њујорк!
Како испробан и вистински семеен бизнис, Методија и Кирил Михајлов заедно создале моќен тим со членови на семејството и долгогодишни доверливи пријатели.
Facebook Forum