Линкови за пристапност

Првиот кадет на Северна Македонија во Вест Поинт: „Уживам во совладувањето на професионалната обука и стекнувањето искуство“


Здравевски коментира дека од сите кадети со кој го минува денот, најдобри другари во Вест Поинт му се Американците, но се дружи и со колегите од Полска и од Тунис.
Здравевски коментира дека од сите кадети со кој го минува денот, најдобри другари во Вест Поинт му се Американците, но се дружи и со колегите од Полска и од Тунис.

„Дневно мора да се достигнат - 100 склекови за две минути“ – вели 21-годишниот Битолчанец Стефан Здравевски, прв кадет од Северна Македонија на престижната воена академија Вест Поинт во сојузната држава Њујорк на Отсекот за одбранбена стратегија и науки.

Деновите не се лесни, но предизвикот да биде со најдобрите на воената академија му ги олеснува задачите, за кои, вели дека ужива во совладувањето на професионалната обука и искуство.

После напорни вежби, малку одмор за кадетите, па интензивните тренинзи продолжуваат.

„Денот почнува во пет часот наутро, излегувам и вежбам зависи што ми е во програмата. Потоа имаме постројување во 6:50, појадок од 7 до 7:30, а во 7:45 ни почнуваат часовите, а последниот час ни е во 16:10, најчесто имаме од 3 до 5 школска класови. Потоа, имаме тренинг со баталјонот, па, пишуваме домашни задачи, на крај од денот да се потрудиме полесно да заспиеме“, вели Стефан Здравевски, прв кадет од Северна Македонија на престижната воена академија Вест Поинт.

Најтешко на терен дефинитивно ми беше ова лето, кога имавме ноќни вежби и за шест часа моравме да поминеме два до три километри.
Здравевски, македонски кадет во Вест Поинт

Му се допаѓа пешадијата. Знае дека има голема одговорност, пред се, стекнатото знаење, да го донесе дома во Северна Македонија.

Глас на Америка: Каде ти беше најтешко на терен, со оглед дека имате интензивни подготовки?

Здравевски: „Најтешко на терен дефинитивно ми беше ова лето, кога имавме ноќни вежби и за шест часа моравме да поминеме два до три километри, со тоа што одевме преку планини и теренот беше карпест. На себе носев оружје, ранец од 30 килограми и муниција. Имаше премногу вегетација. Ми беше предизвик“.

Во слободно време најмногу другарува со соучениците од четата.

„Другари имам од цела бригада, но веројатно бидејќи сме поживи, ние, Македонците, цела бригада ме знае, интересно ми е со нив“, вели Стефан.

Здравевски коментира дека од сите кадети со кој го минува денот, најдобри другари во Вест Поинт му се Американците, но се дружи и со колегите од Полска и од Тунис.

Меѓутоа, со какво искуство ќе се врати во АРМ?

Имав стажирање со ренџерскиот баталјон.
Здравевски, Вест Поинт

„Имав стажирање со ренџерскиот баталјон минатото лето. Одблизу се уверив на колку високо професионални ниво се, но и на каков начин работат, и нема голема разлика со тоа како функционира единицата и со тоа што ќе го учам и во наредните две години, додава Стефан Здравевски, прв кадет од Северна Македонија на Вест Поинт.

Вест Поинт
Вест Поинт

Признава дека најмногу му недостига храната од Северна Македонија, а од САД, кога ќе си замине, ќе има носталгија за шегите со другарите, сеќавањата за различните искуства со колеги од целиот свет.

Вест Поинт, лоциран во истоимениот град во државата Њујорк, е најстарата воена академија во Америка, основана во 1802 година. Досега дипломирале повеќе од 80.000 кадети, меѓу кои и двајца американски претседатели, додека десетици ги освоиле највисоките воени одликувања. Во моментов на академијата студираат вкупно 4.400 питомци.

Меѓу нив има 57 од 32 земји, меѓу кои од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

„Оние врски со колегите, што ги поврзувате овде кога го поминувате целиот тој тренинг, кој ве турка напред и да издржите, и психички и физички, се нераскинливи“, вели Стефан.

Странските студенти почнале да пристигнуваат на Вест Поинт во 1889 година, а досега дипломирале 568, од кои 12 годинава. Полковникот Ли е задолжен за прием на кадети од странство и вели дека брзо се интегрираат со нивните американски колеги.

„Американските закони дозволуваат да учат најмногу 60 меѓународни кадети на Академијата“, коментира полковникот Ранс Ли, директор при Оддел за прием на странски студенти, Вест Поинт

„Вообичаено меѓународните студенти доаѓаат на Вест Поинт, 5 до 7 дена пред другите кадети. Тоа им овозможува да ги поминат медицинските прегледи, да добијат претстава за програмите на воената академија на САД, добиваат и прошетка по Њујорк..., потенцира Ли.

Според него, меѓународните кадети, како Здравевски од Северна Македонија се школуваат на Вест Поинт од неколку причини. Објаснува, зошто –

„Кадети се враќаат назад во нивните земји. Се стекнуваат со добро искуство за време на четири-годишното образование. Исто така, дипломата од Вест поинт ќе им овозможи да напредуваат во кариерата во нивните армии“, наведува полковник Ранс Ли, директор при Оддел за прием на странски студенти, Вест Поинт.

Македонецот Стефан Здравевски ќе дипломира на Академијата Вест Поинт во мај 2026 година. Вели, дека со нетрпение чека да се врати во Северна Македонија, но ќе му недостигаат пријателствата што ги стекнал во САД.

XS
SM
MD
LG