Линкови за пристапност

Промоција на „Историјата на Македонската рок музика“ во САД


Промоција на „Историјата на Македонската рок музика“ во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:10 0:00

Проектот на публицистот Тошо Филиповски е осмислен како едночасовни предавања за почетоците, развојот и сегашноста на македонската рок музика. За време на престојот во САД депонираше примероци од книгите во Конгресната библиотека во Вашингтон и во Музејот на Рокенрол Холот на славните во Кливленд.

Проектот е осмислен како едночасовни предавања за почетоците, развојот и сегашноста на македонската рок музика, анализираната во поширок контекст (блуз, џез, фанк, панк, хеви метал, рап, алтернатива, инди, прогресив).

Тој вели дека ова е симболичен чекор на доближување на македонската дијаспора во САД со една вибрантен и динамичен сегмент, како што е рок културата во Македонија.

Македонија има што да понуди и со современа и урбана музика, вели тој.

„Освен Јонче Христовска, Анка Гиева, Бадев, Македонија дала и Ристо Вртев, Горан Трајковски, Мизар, Леб и Сол, Суперхикс.... Тоа е динамична култура која е проникната автохтоно во Македонија, која ѝ самата има свој печат и израз во глобалната рок индустријата“, додава Тошо.

„Во шест децении на македонска рок музика, имало прогрес и падови, понекогаш и стагнација“, вели Филиповски. Тој додава дека во моментов има нови генерации на деца во Македонија, млади музичари кои творат со нова енергија.

„Би споменал дел од нив, Фанг Шуи, Луфтханза, Хајка, Искра...“, наведува Филиповски.

Серијата предавања вклучуваат и аудио-визуелни презентации на македонска музика и музички артефакти (фотографии, изданија, часописи, фанзини) од пребогатата македонската музика историја.

Самата идеја и потребата од едни вакви предавања е иницирана од македонските иселеници во периодот кога пишувал “Македонска Рок Енциклопедија, 1963-2018, Прв Том”.

Главна цел, според него, е запознавање на младите генерации со македонско потекло кои живеат во САД со богатата македонска урбана музичка историја.

Филиповски за време на престојот во САД депонираше примероци од книгите во Конгресната библиотека во Вашингтон (Capitol and Library of Congress) и во музејот на Рокенрол Холот на славните (Rock’n’Roll Hall Of Fame) во Кливленд.

Овој публицист, издавач и рок хроничар, пасиониран вљубеник во рок музиката ќе посети неколку градови низ САД меѓу кои Њујорк, Њу Џерси, Вашингтон, Чикаго, Детроит, Кливленд, Колумбус и Атланта.

Повеќе од 30 години, Филиповски е активен и пасиониран собирач на музички артефакти, изданија и на информации за македонската рок-сцена.

Во последните 10 години активно работи на создавање услови за отворање на рок-музеј односно Центар за истражување, архивирање и промовирање на македонската рок-музика.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG