ССМ и работодавачите остануваат вкопани во своите ровови кога станува збор за минимална плата во висина од 450 евра. Во Буџетот за 2025 година кој сеуште е во Собрание предвидени се 105 милијарди денари за исплата на пензии со што ќе се покрие и најавеното зголемување на пензиите од 2.500 денари
ССМ и Организацијата на работодавачи (ОРД) остануваат длабоко вкопани во своите ровови кога станува збор за минимална плата во висина од 450 евра, а Владата порачува дека за нив е прифатлив било каков постигнат договор меѓу нив
Листата на производи и маркетите каде може да се купат се објавени на веб странa. Производите ќе бидат обележани со логото „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Кошницата ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Станува збор за акција а не за одлука на Владата и нема казни доколку цените не се намалат.
Владата нема да го прифати предлогот на Фискалниот совет да се оди во пензија со 67 години и ќе бара друг начин да го стабилизира ПИОМ. Синдикатот смета дека решение е вработување на младите како единствен начин да се полни касата на Фондот.
Листата на продукти е изготвена заедно со трговците и производителите и ќе трае еден месец. Иако не е официјализирано, повторно ќе биде ограничена маржата на овие продукти. Потребна е политичка волја за минималната плата да се покачи на 450 евра во март
„Вие многу сторивте, сега ние сме на ред“ е пораката која државниот врв ја добила од неколку „многу релевантни фактори“, соопшти претседателката Сиљановска на брифинг со новинарите и нагласи дека изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев по средбата во Баку е наменета за бугарската јавност.
Компаниите ќе може да подигнат до 10 милиони евра и ќе мора да учествуваат со најмалку 20 отсто. Рокот за исплата е до петнаесет години со три годни грејс период.
Пресметките на ССМ покажуваат раст на цените токму на храната и пијалаците две категории каде што граѓаните ниту можат ниту имаат каде да скратат.На четиричлено семејство каде изворот на приход се две минимални плати, недостасуваат 17 илјади денари за да може да врзат крај со крај.
Поединечни средби со банкарите, се вклучува и Народната банка а во игра се две сценарија вели премиерот Мицкоски. Нема договор за висината на банкарските трошоци и дали и колку Владата ќе субвенционира. Бизнисот бара да почне исплатата на парите од унгарскиот кредит, условите ги оцени како поволни
Од Сојузот на стопански комори денес побараа што побрзо да почне исплатата на средствата бидејќи на македонската економија и треба поддршка. Околу условите за фирмите кои би аплицирале за средства од кредитот, од Сојузот сметаат дека се поповолни од оние во комерцијалните банки
„Ставовите се доближени“, рече премиерот Мицкоски по средбата со банкарите во министерството за финансии. Рокот за отплата кон македонските банки ист како кај унгарскиот кредит – до три години грејс период до петнаесет години отплата
Колку ќе изнесува каматата ќе се преговара и понатаму, а конечен договор како што кажа премиерот, ќе се постигне во текот на идната недела
Дали ќе има исчекор и деблокада на процесот на евроинтеграции премиерот Мицкоски не може да предвиди но нагласува дека нема да има промена во државните позиции. За разлика од минатото сега нема контра аргументи на курсот на Владата. Уставни измени нема да има, дециден е премиерот.
Дали ќе има исчекор и деблокада на процесот на евроинтеграции премиерот Мицкоски не може да предвиди но нагласува дека нема да има промена во државните позиции. За разлика од минатото сега нема контра аргументи на курсот на Владата. Уставни измени нема да има, дециден е премиерот
ДУИ го актуелизираше барањето а експресно одговорија од коалицијата „Вреди“ кои му порачаа дека треба да се посвети на реформи во партијата и да се навикне во опозиција.
Сведоците денес потврдија дека имало радио станици во седиштето на партијата, како поданички го опишаа односот на дел од обвинетите со Палевски и зборуваа за финансиските проблеми на првообвинетиот.
Општествена одговорност или профит, дали од Буџетот ќе се плаќаат уште 3,25 отсто камата за 250те милиони евра кои ќе ги подигнат бизнисмените. Мицкоски апелираше до банкарите да помогнат. Министерката Кочоска соопшти дека една банка прифатила да ги пласира парите без дополнителни трошоци
Што ќе донесе изборот на Доналд Трамп за претседател на САД за Северна Македонија и Западен Балкан и дали треба да се очекува различен курс од новата администрација или пак поддршката за регинот и пред сè за нашата држава ќе остане или ќе се засили, се прашањата поставувани во домашната јавност
Вчитај повеќе